Српскиот премиер Александар Вучиќ испрати порака до Брисел да „смета на Србија“, бидејќи земјата работи на подобрување на животот на граѓаните. Според него, земјите-членки нема да можат да ја одбијат Србија како полноправна членка на Унијата.
На четвртиот Белградски безбедносен форум, Вучиќ истакна дека патот кон европските интеграции е најважниот и најдобриот за неговата земја.
– Вие во Европската унија сметајте на Србија, бидејќи ние работиме најдобро што можеме за нашите граѓани и нашата земја, и затоа нема да можете да не одбиете како полноправна членка на ЕУ, можеби за само пет години, рече тој.
Премиерот на Србија вели пораката на новоименуваниот комесар за проширување Јоханес Хан е очекувана, но дека неговата земја нема да запре со ЕУ реформите и некаде пред крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, одлуката ќе биде целосно во други раце.