Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ пред челновите на неговата партија СНС во Крушевац соопшти „секоја секунда ми пристигнуваат пораки дека ќе ме убијат“.
Тој порача дека не е точно дека со спогодбата потпишана во Брисел му е призната независноста на Косово.
Во пораката на мобилниот телефон на вицепремиерот Вучиќ, кои на увид ги имале во Б92, му се закануваат со смрт лично нему и на членовите на неговото семејтво.
Во пораките се наведува дека ќе биде убиен како Зоран Џинѓиќ, дека е предавник, дека се подготвува уривање на власта и дека му е подобро да бега, како и пораки како оваа: „Да даде господ шиптарите да те заколат и родот да ти го сотрат“.
Радикалите денеска предходно во Белград, Нови Сад и Косовоска Митровица на минувачите им го делеле телефонскиот број на Вуќич, па многумина кои му ги пратиле пораките се потпишале со име и презиме.
Спрското МВР најавува дека ќе постапи според законот.