Вчера попладнето во Вукавар, Хрватска повторно беа тргнати трите двојазични табли на српски и хрватски јазик: Од зградата на Државниот инспекторат, Хрватскиот завод за вработување и Заводот за пензиско осигурување. Немаше инциденти како на почетокот на минатиот месец.
Непознат сторител успеал да ги одземе трите табли и поради тоа присуството на полицијата е во зголемен број.
Како што потврдуваат од полицијата потрагата по сторителот е во тек.