За 2,3 отсто, во изминатата година, се намалил бројот на работници во индустријата, објави Државниот завод за статистика.
Најголем пад на вработените има во секторот Рударство и вадење на камен од 3,8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,4 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 %, додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 %, Капитални производи за 4,5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,0 %.
Намалување има и за периодот јануари – февруари 2022 година и тоа за 2,4 отсто, покажуваат податоците на Статистика.