Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 450 години ќе ги снема Македонците

0
By Нова ТВ on August 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот етнички Македонец на територијата на сегашна Република Македонија ќе умре во 2466 година, односно, по 453 години, објавува „Дневник“.

Ова ќе се случи ако продолжи сегашниот тренд секоја година бројот на Македонците да се намалува и кој сега ги достигна алармантните размери. „Дневник“ неодамна објави дека бројот на етничките Македонци во земјава минатата година се намалувал за по осум Македонци секој ден. Односно, само лани имало 2.838 Македонци помалку, а што е резултат на разликата помеѓу 11.985 родени бебиња и 14.823 умрени лица.

Наједноставната пресметка покажува дека ако ваквиот тренд продолжи, исчезнувањето на етничките Македонци во земјава ќе биде неминовност. Пресметката е направена врз процентуалните соодноси на населението во земјава забележени на пописот во 2002 година.

Тргнувајќи од податокот на Државниот завод за статистика и со кој на крајот од минатата година во земјава имало 2.062.294 жители, излегува дека од нив 1.323.580 се Македонци, врз основа на застапеноста од 64,18 проценти од пописот пред 11 години.

Второто најмногубројно население се Албанци, а кои врз основа на процентот од 25,17 треба да ги има 519.079. Пресметката е правена под условот тогашните проценти да се задржани и сега, што е тешко за верување.

Сепак, статистичарите пред последниот попис, кој беше прекинат, проценуваа дека драстични поместувања во соодносите не може да се очекуваат најмногу поради големите миграции и кај македонската и кај албанската етничка заедница. Во таква ситуација, наједноставната пресметка покажува дека секојдневното намалување од осум Македонци дневно ќе резултира со нивното исчезнување за 453 години.

Во земјава 50 отсто или 42 општини имаат негативен природен прираст во 2012 година – Kарпош, Kисела Вода, Берово, Битола, Гевгелија, Делчево, Демир Kапија, Демир Хисар, Kавадарци, Kочани, Kратово, Kрива Паланка, Kрушево, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Ресен, Свети Николе итн.

Од друга страна, статистиката покажа дека бројот на етничките Албанци секојдневно се зголемува за 13 дневно. Но, статистичарите најавуваат дека и овој тренд во иднина ќе запре.

– За околу две децении може да се очекува изедначувањето на стапката на наталитетот во земјава. Лани, во земјава имавме прираст на населението од 3.424 лица, а за половина од оваа бројка се заслужни четири општини: Сарај, Чаир, Тетово и Студеничани – објаснува Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Угледниот весник „Економист“ во своето истражување базирано врз податоците на Популациониот фонд на Обединети нации излезе со процена дека последната жена во Македонија ќе умре во 3104 година.

За Босна и Херцеговина, на пример, прогнозата е дека тоа ќе се случи во 2770 година, а за Србија прогнозата е дека тоа ќе се случи во 2225 година. Нашиот северен сосед во последната деценија загубил повеќе од 260.000 жители, првенствено како резултат на стареењето на населението што предизвикало поголем број погреби отколку раѓања.

Во 1950 година во Македонија, на пример, се родиле 50.000, во 1980 година – 40.000, во 2011 – 22.000 бебиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.