Според податоците на Министерството за финансии, претходниот месец државата потрошила скоро 19 милиони евра повеќе отколку што собрала од даноци и други давачки. Дефицитот за првите пет месеци од годинава е над 200 милиони евра, јавува Радио Слободна Европа.
Во истиот период минатата година, буџетскиот дефицит беше околу 88 милиони евра, или околу 115 милиони евра помалку отколку годинава. Предвидувањата за лани беа дека дефицитот ќе биде околу 197 милиони евра или 2,5 отсто од БДП.
Сепак, при крајот на септември, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека дефицитот ќе се зголеми на 3,5 отсто и годината заврши со дупка во државната каса од 289 милиони евра кои се надополнуваат со задолжување.