Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 6724 повеќе починати од родени лани, повеќе бебиња само во Скопскиот регион

0
By НОВА ТВ Balaban on July 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 2, 2021 10:39

Во Република Северна Македонија минатата година се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе, велат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Минатата година во градските подрачја во Македонија живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, а 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.

Во градските подрачја умреле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %.

Најмногу надворешни миграции има во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.

бебиња Државен завод за статистика Починати родени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 31, 2026

ССМ денеска на прес конференција ги најави блокадите

ВЕСТИ January 31, 2026

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на прес конференција соопшти дека…

Камерите на Безбеден град од утре ќе регистрираат казни – ќе санкционираат од 15 до 200 евра и ќе сведочат за одзема дозволи

January 31, 2026

Трамп: Со голема армада се движиме кон Иран па ќе видиме што ќе се случи натаму

January 30, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.