Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 71-годишнината од депортацијата на кримските Татари

0
By Нова ТВ on May 19, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

*Колумна на украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук

Како трагична страница влезе во историјата масовната депортација на кримскотатарскиот народ, извршена од партиско-државното раководство на СССР.

Во ноќта од 17 до 18 мај 1944 год., од Крим почнале да ги депортираат кримските Татари, обвинети за “предавство на татковината“.

Според најобразложените проценки на историчарите, депортацијата ја доживеале повеќе од 194 илјади кримски Татари. На 24 јуни, нивната судбина ја поделиле повеќе од 15 илјади Грци, 12,4 илјади Бугари, 9,6 илјади Ерменци.

Според одлуката на Државниот Комитет за Одбрана, на депортираните им било дозволено “со себе да земат лични предмети, алатки од домаќинството и храна со тежина до 500 кг по семејство“.

На НКВС (Народен Комитет за Внатрешни Работи) и другите народни комитети паѓала обврската “да обезбедат во ешалоните со депортираните медицинско-санитарна услуга и топол оброк“.

Навистина, за собирање на депортираните им било дадено неколку минути, па затоа тие патувале речиси со празни раце, без храна и доволно количество на облека. На многуте семејства им било забрането да земат со себе какви било предмети.

Бројот на депортираните во 1945-1946 година ги пополниле со прогласените “предавници“ 8995 учесници во војната против фашизмот, сред кои биле 524 офицери. Депортацијата ја доживеале и кримските Татари кои се евакуирале од полуостровот уште пред неговата германска окупација.

Кримските Татари ги депортирале во оддалечените реони на Сибир, Урал, Средна Азија – воглавно во Узбекистан.

Тешките услови за живот во специјалните населби довеле доп масовни заболувања и смртност сред депортираните.

За првите година и пол од депортацијата умреле 17,8% од депортираните во Узбекистан кримски Татари.

Според податоците на националното движење на кримските Татари, во првите 4 години од депортацијата од нив умреле 46,2 % (според официјалната статистика – 23 %, односно 44,9 илјади).

За време на “Хрушчовското затоплување“ се случило самоорганизирањето на кримските Татари (кампања на петиции, создавање на политички организации, акциии на протест и т.н.), што довело до издавање, на 5 септември 1967 година, од Президиумот на Врховниот Совет на СССР, на Указ „За граѓаните од татарска националност кои живееле на Крим”.

Указот ги укинал обвинувањата за предавство на кримските Татари, но затоа го прогласувал наводно потполното укоренување на кримските Татари во Узбекистан.

Во јануари 1974 год. Президиумот на Врховниот Совет на СССР ја укина забраната за Грците, Ерменците, Бугарите и кримските Татари да се вратат на Крим во местата на нивното некогашно живеење.

Сепак, враќањето на кримските Татари на Крим доби масовен карактер дури почнувајќи од 1987 год.

На почетокот на 1990-те години тие станале трета по бројност етничка група на Крим. Вкупно се вратиле околу 270 илјади лица.

Во време на перестројката, од Врховниот Совет на СССР, во 1989 година, депортацијата на кримските Татари била осудена и признаена за незаконска и криминална.

До окупацијата од Руската Федерација на АР Крим, во февруари-март 2014 год. Украина фактички за сметка на сопствени ресурси реализираше масовна работа, насочена на решавање на социјално-економските проблеми на кримските Татари и лицата на другите националности кои се враќаа за постојано живеење на Крим.

70 години по депортацијата, кримските Татари повторно станаа предмет за прогон и заплашување, сега од страна на руската окупаторска власт и нејзините локални приврзаници: киднапирано е 21 лице, од кои тројца се најдени мртви, против кримските Татари покренато е повеќе од 130 криминални случаи.
Како резултат од руската окупациска политика, повеќе од 10 илјади Татари го напуштија Крим и се населија главно во континенталниот дел на Украина.

Од руските специјални служби се води насочена работа за уништување на какви и да било политички и културни структури и форми на самоорганизирање на кримско-татарското население и создавање на “џепни“ организации кои би требале да го контролираат неговиот општествен живот.

На 18 мај, на вечерта-реквиемот по повод Денот на борбата за правата на кримскотатарскиот народ и 71-годишнината од депортацијата, Претседателот на Меџлисот на кримскотатарскиот народ, Рефат Чубаров, изјави дека денес Татарите на Крим повторно ги доживуваат најстрашните времиња – чувствуваат репресии, насочени на духовното и физичкото уништување на народот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.