Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За административците на Косово од денеска или вакцина или сертификат за ковид-19

0
By НОВА ТВ Balaban on September 13, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лицата кои нема да приложат некој од споменатите документи нема да им се дозволи влез во работните простории, а отсуството од работа ќе се смета за неоправдано

Сите вработени во јавните институции, како и персоналот во претпријатијата и фирмите во сопственост на Владата и општините во Косово, од денеска треба да се вакцинирани, или да приложат доказ дека не се заразени од Ковид-19, за да им се дозволи да влеат во нивните работни простории, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката на Владата на Косово, административците треба да поседуваат сертификат дека ги примиле двете, или барем едната доза од некоја од анти-ковид вакцините. Доколку не се вакцинирани треба да приложат РТ-ПЦР негативен тест не постар од 72 часа, доказ дека ја прележале болеста, не понов од 21 и не постар од 180 дена, позитивен резултат од серолошки тест издаден пред најмногу 30 дена, или негативен антигенски тест не постар од 48 часа.

На лицата кои нема да приложат некој од споменатите документи нема да им се дозволи влез во работните простории, а отсуството од работа ќе се смета за неоправдано, по што ќе подлегнат на соодветните санкции предвидени со закон и со правилниците за работа, објави Владата.

Кабинетот на премиерот Албин Курти на вчерашната седница одлучи и да ги затвори детските градинки и да го одложи почетокот на наставата во основните и средните училишта, а оваа мерка ќе биде во сила до 26 овој месец, кога ќе се донесе нова одлука, согласно состојбата со пандемијата.

Во наредните две недели продолжува да важи истиот режим за влез во Косово, што значи дека е потребно приложување сертификат за вакцинација или еден од доказите дека лицето не е заразено од Ковид-19.

 

административци Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.