Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За будалаштините и бомбата на Заев

0
By Биљана Секуловска on November 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите околу мене чекаат да пукне бомбата на Заев. Онаа, за која вели дека се состои од докази и од аргументи кои ќе ги соопшти на јавноста, после што самиот Груевски, веројатно очаен, затоа што не гледам поинаку зошто, во рок од 3 дена ќе даде оставка. Понатаму, Заев вели дека доколку тоа не се случи, го става сопствениот кредибилитет, како и оној на сите негови најважни луѓе. Ако не успееме, не заслужуваме да ја водиме опозицијата. Така вели Заев.

Целата оваа драма за бомба во најава, ме потсети на еден добар текст за трите руски будалаштини благодарејќи на кои опстанува Путин, текст на новинарот Виктор Шендерович. Целата логика на ваквите будалаштини е што секогаш има кој да им аплаудира, но не, никој не вели дека Путин владее со будали. Народот едноставно ќе го бира Путин и кога тој ненадејно ќе умре (народот во вакви случаи не верува дека е можна смртта на Драгиот водач, кој и да е), затоа што за друг не знае. Иако многу од руските новинари резигнирано, очајни пишуваат дека навистина не знаат зошто пак и пак ќе биде избран Путин и немаат одговор, сепак- забораваат понекогаш на трите руски будалаштини. Еднакво, како и Заев.

Она што веројатно Заев го знае, но го игнорира тој факт- дека огромно мнозинство во оваа земја ако ги затвори очите нема да знае, нема да препознае дека тој зборува на телевизија. Не, народот не е будала. Но, будалаштината е стапицата во која не по своја волја влегол тој народ. Голем дел од македонскиот народ не знае дека освен Груевски има и друг политичар. Како информација секако дека знае, како факт, еднакво како што слушнал дека воздухот е загаден, или можеби, но не тврдам, дека слушал за храната која ја јаде- дека е полна со пестициди и други отрови и дека тоа е најбрзиот начин за смрт. И толку. Оној најголем дел од народот не знае дека има право на чист воздух и храна која се испитува пред да ја купи. Не знае дека има право на живот.

Но, се разбира дека знаат дека се Македонци и Православни и мислат дека тоа е нивниот идентитет. Знаат дека се Албанци и Муслимани и мислат дека тоа е нивниот идентитет. Говорат постојано само за историјата, никој за иднината. Ја величаат и како во племенски транс и се поклонуваат исклучиво на историјата. Никогаш на иднината. Затоа што нема кој да им каже, да се послужам со терминот на Амин Малуф, дека таквиот идентитет е убиствен. Како вели тој- таквото инсистирање секој да одбере страна, само една националност и религија и ништо повеќе од тоа, да му служи покорно, хипнотизирано, слепо, да се држи само до своето племе, да, тоа создава кољачи.

Така, будалаштината веќе станува природна и кога доаѓаме до политички избор. Народот не знае дека тој постои. Дека оној што не е власт нема шанси да се бори со будалаштините. Дека помеѓу шест милиони турски, индиски и слични серии кои ги слават будалаштините, народот знае едвај дека има некакви вести. Удавен во пропагандата, тој има шанси само едно- да ги слави победите на власта. Аферата “Македонска банка”, тужбите на “Фокус”, особено онаа на шефот на тајната полиција Мијалков, законот со кој функционерите нe подлежат на даноците кои ја цицаат крвта на народот, казните кои допрва му претстојат на народот ако од претходните преживеал, оф-шор компаниите, смртта на критичките телевизии и весници, одмаздите кон неистомислениците преку лустрација, прогони, затвори, политички затвореници, меѓу кои и новинарот Кежаровски, сомнежите околу смртта на Никола Младенов, стотиците милиони дадени за барок и споменици, додека народот трпеливо и покорно чека по болниците за “Мојот термин” што ако го лазат лебарки додека основните лекови и апарати не постојат за нив, да споменам само мал дел, не се на репертоарот на она што го нарекуваат вести, помеѓу депонијата од турски серии и рекламите за Цеца и Северина.

Тоа е таа будалаштина со која Заев не може да се бори. Во пропагандата нема да најдете луѓе со светли глави во мислите, за кои мечтае Умберто Еко.

Бомбата е залудна се додека не постои шанса некој да чуе за неа, народот да дознае дека постои поинакво мислење, дека има критички дух во оваа земја, дека народот мора да се сомнева, особено во оние кои ја имаат власта и моќта, да знае дека медиумите ја имаат таа задача, да преиспитуваат, да му овозможат на тој народ да ги слушне и поинаквите мислења за да изгради ставови, за да влијае врз одлуките на моќните, конечно да осознае дека неговата незаинтересираност за себе и за најблиските, неговото молчење за ужасите што на другите им се случуваат значи дека е само жив мртовец, да го парафразирам Брехт. Но, ништо од ова не знае поголемиот дел од народот.

Да, постои можност народот да се разбега откако ќе падне бомбата. Но, тоа е патот по кој оделе многу народи и многу опозициски лидери. Низ демократските процеси бомбите се секојдневие. И ужасно многу време треба да помине додека бомбата не експлодира кај оние кои ја злоупотребуваат моќта. Оние после нас ќе знаат зошто оваа бомба била важна, но ќе ја доживеат како само една од многуте кои допрва ќе доаѓаат. Ние тогаш нема да бидеме тука, но приказната за будалаштините ќе биде опомена токму за нив, за оние после нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.