НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За да се разбере Верушевски недостасува контекстот

0
By Соња Петрушевска on September 25, 2019 ВЕСТИ
Фото: Независен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбраната на обвинетите во „Таргет Тврдина“ не сака да го коментира сведочењето на сведокот Зоран Верушевски кој во Судот даде исказ спротивен на тврдењата на екс разузнавачите Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски за патот на „бомбите“ од УБК, но рече и дека „документацијата“, како што ги нарекуваше прислушуваните разговори, биле модфицирани и компромитирани по неговото приведување.

Верушевски заедно со Костовски, Лазаревски, Зоран Заев и неговата сопруга беа обвинети за случајот „Пуч„ по објавувањето на аферата со т.н. „бомби“. Тогаш власта предводена од Груевски отвори случај во кој шест лица обвини дека преку странски служби и жолти комбиња прислушувале и сакале да извршат државен преврат.

Адвокатот Шврговски кој го брани првоосомничениот Сашо Мијалков  во случајот „Таргет Тврдина“ за масовното и незаконско прислушување, за НОВА кажа дека јавно нема да ја толкува изјавата на сведокот Верушевски се додека трае судскиот процес.

Верушевски: Документите беа моја одговорност додека не ме притворија 

Сведочењето на Верушевски отвори многу шпекулации – иако тој ниту еднаш не кажа дека „бомбите“ биле сечени и лепени што беше главна теза со која се бранеа Груевски и партијата ВМРО ДПМНЕ кога пукна аферата со прислушуваните разговори, сепак неговата изјава беше искористена експресно од екс премиерот кој сега е во бегство Никола Груевски. Само неколку часа по сведочењето на Верушевски, Груевски на својот Фејсбук профил напиша: „Денеска одекна најсилната бомба. Власта ја рушеле со монтирани бомби“.

Верушевски е недостапен за дополнителен коментар за да биде појасно што сакал да каже. Тој пред Судот сведочеше дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и дека добил чувствителни информации со кои постапувал.

„До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност“, рече Верушевски  и додаде дека по неговото притворање за „Пуч“, прислушуваните разговори биле модифицирани и компромитирани.

Зборот „модифициран“ значи дека нешто е видоизементо, дотерано, подотерано, изменето донекаде, што остава широк простор за анализа во кој контекст зборувал Верушевски.

Поранешниот директор на УБК Горан Митевски за НОВА вели дека Верушевски може се обидел да се дистанцира од начинот на кој беа објавувани разговорите, а кои не беа целосни.

„Зоран Верушевски кој долго време и одбиваше да сведочи, а кога дојде, даде комплетно различно сведочење од другите двајца кои тврдеа дека нему му ги даваа бомбите, сега се обидува да се амнестира и да каже дека партијата ги добивала бомбите. Очигледно се гледа дека има некои од разговорите кои не се пуштени целосно, не дека се сечени и лепени, туку дека одредени делови од разговорите не се пуштени целосно, па сега Верушевски сака да се дистанцира дека не бил вклучен во објавувањето на деловите од разговорите“, рече за НОВА поранешниот директор на УБК Горан Митевски.

Маргарита Цаца Николовска – поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбург вели дека не може да се оцени исказот на Верушевски кога јавноста нема увид во целиот контекст.

„Исказот на Верушевски не можам да го третирам, зашто го немам целиот исказ, треба да се знаат прашањата и контекстот. Сепак, во однос на „бомбите“ имаше вештачење и се докажа дека тие што се користат во судските предмети се автентични“, рече Николовска за НОВА.

Во врска со изјавата на Верушевски, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи рече дека толкување односно појаснување за тоа што сакал да каже сведокот, може да даде само тој. За нив како Обвинителство, автентичноста на материјалите воопшто не е спорна, како што не е спорна ниту за сведоците кои на почетокот примиле некои материјали, ниту пак таа е оспорена од обвинетите во судските постапки.

„Пред да почнеме со нормално функционирање, имаше само некои изјави на ТВ дека материјалите се сечени, лепени и монтирани, меѓутоа никој досега не го кажал тоа во судница. Од друга страна се работи за материјали, докази кои не се изолирани докази во нашата постапки. Тие си наоѓаат поткрепа и во материјални и во вербални докази и сето  тоа ја потврдува нивната автентичност“, рече Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“.

Верушевски контра Лазаревски

Освен за прислушуваните разговори Верушевски  за време на сведочењето искажа тврдења  кои беа спротивни и на сведоштвата на свиркачите Костовски и Лазаревски, што создаде дополнителни нејаснотии. Имено, за разлика од Лазаревски кој како сведок во истиот случај „Таргет Тврдина“ рече дека „бомбите“ му ги носел на Верушевски, и дека тој им  предложил да ги снимаат и изнесуваат од УБК, Верушевски тврдеше дека „документација“ пристигнувала во СДСМ уште додека тој бил во Италија, односно во времето кога Бранко Црвенковски е претседател на партијата.

„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои носеа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година“, рече Верушевски, со што навести дека материјалите ги поседувале и други лица освен тој и Заев.

За разлика од него, Лазаревски во своето сведочење кажа дека материјалите му ги предавал лично на Верушевски.

„При крајот на 2010 година, копираниот материјал му го дадов на Верушевски. Година дена така, а потоа копиравме на мемориски стик. Табелата со нелегални разговори стана со време преголема. Во ист ден вадевме, копиравме, изнесувавме. Верушевски кажуваше кои требало да се копираат а кои не затоа што имало многу фајлови“, рече Лазаревски во своето сведочење.

Претседател на СДСМ во посочниот период од 2010 до до 2013 е Бранко Црвенковски, а во јуни 2013 го наследува Зоран Заев. Објавувањето на бомбите започна во 2015 година.

Поради контрадикторните изјави на Верушевски и Лазаревски за начинот на кој се предавале бомбите, Митевски вели дека ќе биде добро да се соочат во судница и да се види дали некој лаже.

Верушевски во моментов е ангажиран како советник на премиерот Заев, а има и партиска функција во СДСМ. Партискиот портпарол не сакаше директно да ја коментира изјавата на Верушевски со образложение дека нема да коментираат судски процеси, а за веродостојноста на бомбите рече дека е потврдена со вештачење.

-Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите материјали, дополнително имајќи ја предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО, рекоа од СДСМ.

Се треба да биде појасно на 10 октомври кога Верушевски треба да продолжи со сведочењето во Таргет Тврдина. Верушевски минатиот пат беше испрашуван директно само од страна на обвинителството, па допрва следува негово вкрстено испрашување од одбраната. На крај, и Судот има право да поставува прашања од појаснувачки карактер.

Според обвинението за „Таргет – Тврдина“ преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Лазаревски во август 2017 во интервју за НОВА, за првпат проговори за бомбите. Тој во интервјуто зборува како тој лично ја доживеал оваа масивна злоупотреба што ја спроведувала тогашната власт.

Интервју: Ѓорѓи Лазаревски – невидливиот херој од УБК зад бомбите

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.