Диего Армандо Марадона заврши во притвор поради долг кон од 5,7 милиони евра кон неговата поранешна девојка Росио Олива со која беше во врска од 2012 година до 2018 година. Легендарниот аргентински фудбалер е уапсен на аеродромот во Буенос Аирес на враќање од Мексико каде е тренер на второлигашот Дорадос.
Сослушувањето по тужбата е закажано на 13 јуни кога се очекува судот да ја верификува одлуката. Наместо Марадона, пред судот ќе се појави неговиот адвокат Матијас Морла кој веднаш го извлече од привремениот притвор по што заедно го напуштија аеродромот во главниот град на Аргентина.