Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Јанкуловска прислушкувањето било монструозно, немала мотив да учествува

0
By Нова ТВ on February 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, со другите обвинети од УБК денеска ги презентираше завршните зборови пред да се изрече пресудата за случајот „мајка“ на сите случаи „Таргет Тврдина“ – која се навестува веќе за 26 февруари.

Јанкуловска во својата одбрана целата вина ја префрли на Комисијата формирана во УБК која направила попис, донела решение и ја уништила опремата за прислушување, а таа ја потпишала рутински, бидејќи највисоките правници во МВР не увиделе и не и посочиле дека незаконски ќе се уништува опрема надвор од процедурата, поради тоа што не била застарена. Според неа, нема дилема дека решението за формирањето на Комисијата во УБК било по барање на самата Управа, а не по налог на министерот и во сосема вообичаена постапка. Таа не добила никаква специфика дека станувало збор за специјална опрема за прислушкување кога го потпишувала решението за неа. Уште повеќе од решението што го добила за потпишување не произлегувало дека Комисијата треба да уништи конкретна опрема, туку прво да направи попис и доколку утврди техничка застареност, да изврши уништување. Самите членови на Комисијата потврдиле дека од неа не добиле никакви насоки за тоа што го презеле, а според неа не требале, бидејќи не нашле застареност. Затоа, таа посочи дека првенствено треба да се разјасни дали Комисијата се држела до мандатот што го добила и, бидејќи е очигледно дека не, што било причината за тоа. Нејзина лична оценка беше дека таа целосно ги игнорирала упатствата за работа, а нејзиниот претседател иако бил лично одговорен, не го спречил уништувањето на системот. Таа притоа посочи и на изјавата на сведокот Сашо Трајковски кој рекол дека Комисијата не била самостојна во носењето на одуките туку била под влијание на пребеганиот Горан Грујевски.

Евидентно, заклучи Јанкуловска, Комисијата не постапила во согласност со упатствата за работа што ги добила, но тоа немало никава врска со неа, уште повеќе што отписот на опремата во документите бил направен дури по нејзиното разрешување од функцијата.

„Дали јас сум им помогнала на Горан Грујевски и Тони Јакимовски да ги злоупотребат службените овластувања за да ги уништат системите за да не се открие илегалното прислушкување?“ – запраша таа одговарајќи самата дека очигледно не знаела за таа одлука и немало нејзина умисла во вршењето на делото.

Во Сведочењето Јанкуловска не штедеше зборови во опишувањето на прислушкувањето, кое го нарече незаконско, монструозно, нелегално, злоупотреба на овластувањата и слично. Иако вината ја префрлаше на УБК, ниту еднаш не го спомена првиот човек на Управата Сашо Мијалков во својата одбрана и во нападите, туку ги насочи кон Горан Грујевски и фамозната Комисија за попис на опремата. Притоа себеси се престави како најголема жртва и – место да се најде на станата на тие што гонат кривично – сега е на страната на тие што се гонат.

„Станува збор за злоупотреба заради незаконско прислушување на илјадници граѓани, а јас сум една од жртвите на монструозниот процес“, рече таа додавајќи дека била една од најдолго прислушкуваните, 24 часа на ден, со над 26.000 прислушкувани разговори и којзнае колку СМС пораки.

„ Каде е мојата вина ако од ниту еден документ што ми бил доставен не произлегувало дека ќе уништуваат конкретна и однапред определена опрема?“- запраша таа , реплицирајќи на забелешката на обвинителите дека како министер требало да се запраша од кои причини по редовен попис се вршел вонреден попис и се донела одлука за уништување на опрема. Отсуството на реакција, според неа, било одраз на рутинско постапување кон решението што го добила за уништување на опремата бидејќи највисоките правници во МВР утврдиле дека се е во ред, иако била свесна во тој период дека опозицијата предупредувала на постоење на незаконско прислушкување и дека таа реалност не може да ја негира.

„Јас немав никаков мотив да учествувам во ваков чин поврзан со монструозно кршење на човековите права“, тврдеше Јанкуловска.

„Јас и моето семејство трпевме и се уште трпиме огромни последици од овој случај со прислушкувањето. Се уште трае медиумскиот линч кон мене и сите мои права се ограничени. Јас имам силен мотив овој скандал еднаш засекогаш да се расчисти до крај. Ова ќе биде мала, но значајна сатисфакција за жртвите, како што сум јас. А ,јас добив обвинение место да бидам третирана како жртва“, рече Јанкуловска.

Таа се обиде на крајот да ги „стопи“ судиите на емоција оценувајќи дека е евидентен притисокот на провладините медиуми само да се осуди некој и да се презентира успех пред ЕУ.

„Вие имате одговорност вашата одлука да не биде само статистика. Кривичното дело за кое ме обвинувате не сум го сторила. Единствена можна пресуда во мојот случај што ќе ја задоволи правдата е ослободителна“, рече таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.