Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За кавадаречките екскурзијанти и македонските работи

0
By Соња Крамарска on May 23, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА КРАМАРСКА

Дали ви значат нешто зборовите „Ki šant la ba“? На франкофоните ќе им значат бидејќи „Ki šant la ba“ е француски превод на филмот „Ко то тамо пева“ на кого се потсетивме вчера кога го видовме видеото како кавадаречките средношколци туркаат автобус во Франција со кој ги возеле на екскурзија. Имаше еднаш еден филм во југословенска продукција со наслов „Ко то тамо пева“. Трагикомедија која ја води приказната низ едно предвоено социјално милје во стара Србија со низа комични ситуации во кои маестрално се вклопи и еден погреб за на крај приказната да заврши со претсмртно оро на ливада со трагично финале – германското бомбардирање на Белград во кое загинуваат сите протагонисти освен еден весел хармоникаш кому ете на крај судбината му се насмевна.

Таков е и нашиот кавадаречки автобус 82 години подоцна што средношколците екскурзијанти го туркаа да запали во Франција. Среќа наша а несреќа нивна што автобусот не останал дефект на Шанзелизе. Македонија дополнително ќе се засрамеше во центарот на светската мода, ама па ако таму се случеше дефектот улицата е надолница па ќе можел шоферот само да го пушти во лер и сам ќе запалел. Како Македонија што се движи по надолница во лер, почетна станица Скопје, средна Софија а крајна Брисел. Одозгора надгледувана од американскиот сателит НАША кој директно е поврзан со Белата куќа а преку неа и со Русија кога се случува она повремено воспоставување на врска меѓу Вашингтон и Москва.

Наша среќа што врз кавадаречкиот автобус нема да падне окупаторска бомба. А и што (не се)запалил (по пат). И што омилениот на сите кавадаречки градоначалник апелирал на поголема контрола на автобусите на туристичките агенции и превозниците. Нема да им поднесе кривична пријава, обвинителството ќе си молчи оти не го допрел гласот за можната трагедија, а средношколците екскурзијанти ќе имаат уште една авантура за раскажување кога ќе се вратат дома. Сепак поминале подобро од несреќните основци во белградски „Рибникар“. Не затоа што  Македонија не е на прво место во Европа според лиценцирани автобуси убијци на патиштата како што е Србија според оружјето во приватни колекции, туку затоа што младите кавадарчани имале среќа.

А замислете како што во Србија се одвива акција за заплена на домашните арсенали оружје после трагедијата во училиштето, во Македонија да се запленат сите расипани автобуси? Па и нашиот премиер како Вучиќ да брои денес запленивме 20 расипани автобуси, по три дена да каже уште 20, па на крајот на неделата да изброи 100 запленети автобуси. Ама не може, бидејќи тој брои секој ден пратеници што ќе гласаат за уставни измени. Но како што одат работите ниту ќе изброи 80 пратеници за уставни измени, ниту ќе изброи 80 запленети автобуси.

Сепак не е се така црно. Автобусите во секое време има кој да ги поттурне, за разлика од државата. Во нашата држава секогаш било полесно да се турне владата отколку да се поттурне државата.

И кој тоа таму пее дека нашата крајна дестинација е Белград кога е тоа Брисел. Само што автобусот со кој возиме во тој правец е стар и дотраен, возачот и неговиот татко си поигруваат со патниците а во моментов тече секвенцата кога синот вози со врзани очи. За да покаже колку е способен.

 

————————————————————————————————————————————————

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. 

 

кавадаречки екскурзијанти Ко то тамо пева Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.