Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени над 2 илјади грла овни и овци

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебар: Во пресрет на одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан бајрам, во Дебарско, во тек е продажба на овни и овци кои се принесуваат како курбан за овој празник, кој годинава се паѓа в недела, на 16 јуни.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на сточари „Даши“, во кое членуваат сточари од општините Дебар и Центар Жупа, годинава за продажба се над 3 илјади грла овни и овци.

-Во тек е продажбата и можат да кажам дека има голем интерес.  Годинава за продажба имаме над 3 илјади грла а едно грло го продаваме од 130 до 300 евра, што зависи од возраста на добитокот и тежината. Цената е речиси идентична како и минатата година. До денеска претпладне имаме продадено околу 2.200, но по традиција последните денови пред празникот побарувачката е поголема, додава Аме за МИА.

Продажбата се врши во дел од стариот градски пазар, а како и изминатите години, нагласува тој, освен дебрани купувачи се и жителите од долнореканските села, општина Маврово и Ростуше, како и помал број од општина Центар Жупа, бидејќи и таму има пазар.

Курбанот, според верниците, се коле првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства.

Овој празник, кој се одбележува четири дена, се нарекува уште и Аџи Бајрам, бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија, се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот.

Од земјава на аџилак се 2.020  верници, од нив 100 од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.