Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За миг послушајте ја Ирена Стефоска

0
By Биљана Секуловска on June 23, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Добро би било понекогаш да застанеме, да ослушнеме други гласови, поинакви мислења, спротивставени ставови, нечии аргументи. Макар тоа било за миг.

Добро би било да знаеме дека на другата страна можеби и се соочуваме со омразен непријател, со огорчен противник, со лут опонент, но добро е да знаеме како сето тоа да го исправиме, да создадеме заедничка победа.

Добро е да осознаеме дека клоцањето и антагонизмот се наши сопствени непријатели- да го цитирам министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добро е да знаеме дека нетрпеливоста, вжештената глава на крајот водат кон нов конфликт, нова тензија, нови поделби и омраза.

Дијалогот е средниот збор за компромисот, тој е неопходен, тој ги лекува вековните непријателства, омразите, зовриените страсти, тој дијалог од мрачните страници на историјата доведува до помирувања, човечност, иднина.

Затоа е добро да се ислуша пратеничката Ирена Стефоска, една од најдобрите што воопшто сме ги имале во овие децении на парламентаризам, врвен научник, експерт за грчката и македонската историја, на односите кои ги допираа рабовите на пеколот, на односите кои се трансформираа преку дијалог во Договор за името,  во пријателство, а потоа во се друго, што допрва може да следи- почитување, соработка, остварување на взаемни интереси и напредок за двете земји.

Добро е тие неколку минути да се слушне, да се разбери, да се запамети. Толеранцијата, дијалогот, компромисот, елементарните цивилизациски демократски вредности се пред нас исправени.

Тие вредности лесно можете да ги исечете на парчиња, да поминете покрај нив, низ нив, да ги закопате заедно со аргументите на соговорникот отспротива.

Се можете со нив- да се поигрувате, да ги исмејувате, да ги омаловажувате и да се изживувате со нив. Да не остане ништо од нивната почетна намера, од нивната смелост, од нивниот краен исход.

Можеме да останеме закоравени, затрупани во рововите, да одбиваме да слушнеме, да видиме, да допреме нечија друга рака која кога ќе се подаде, можеби цели кон непријателство, дури и кога ќе се стегне, но пред да се пушти огорчено раката, се појавува некој нов смисол, за кој вреди да се размисли- сепак, таа рака била подадена.

Што и да се случи, слушнете ја Стефоска пред да ја затворите страницата на прифаќање и пред да објавите одбивање. Секогаш вреди да се направи обид.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.