Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За писателите проблематизацијата на македонскиот јазик е антицивилизациски чин

0
By Нова ТВ on November 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото на писатели на Македонија излезе со реакција по повод актуелните политички недоразбирања со Бугарија.

-Проблематизацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја од страна на бугарската политика, искажана деновиве како уцена во процесот на нашата европска интеграција, за македонските писатели е особено загрижувачка. За неколку стотици активни писатели и неколку стотици починати писатели, врежани во македонскиот книжевен канон, евентуалната повреда на нивното основно изразно средство, јазикот, би претставувала директен удар врз суштинскиот градбен елемент на нивната уметност, и воопшто, удар врз нивниот творечки интегритет.

Јазикот на кој пишувале и пишуваат тие е македонски и не може да биде никаков друг. Книжевниот систем на кој му припаѓаат, кој ги опфаќа сите варијации на оригинална и преводна литература, е македонски и никаков друг. Екстремните ставови на бугарските националисти, познати на македонската јавност од многу одамна, во овој миг како официјални државни ставови на Бугарија, како никогаш досега се закануваат да прераснат во жртвена клада на која, според нив, би требало да се изгорат илјадници и илјадници книги, кои не само со јазикот, туку и со тематиката, јасно го манифестираат својот македонски идентитет. А палењето на книги секогаш бил и е антицивилизациски чин што предизвикува морници. Ќе дозволат ли европските, македонските и бугарските политичари да се случи антицивилизациски чин од невидени размери во 21. век?

Длабоко веруваме дека нема да дозволат, а напротив, ќе го додржат основниот принцип на европското обединување, кој подразбира взаемен реципрочен респект и поддршка при културната размена на различните идентитети, кои на обединетата Европа ѝ „даваат душа“ и ја прават нешто поголемо и позначајно од заеднички пазар. Веруваме дека и бугарските колеги-писатели, или барем некои од нив, ќе имаат разбирање за нашата загриженост и ќе ни дадат поддршка во одбивањето на погубните политики кои не водат кон ништо добр, стои во реакцијата на писателите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.