Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Шаќири е важно учениците да се вратат во училишните клупи

0
By Ivana on April 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на СОНК за организирање генерален штрајк во образованието не само што не го надминува предизвикот, туку напротив, создава повеќе дополнителни проблеми. Затоа, апелирам до вас како раководство на синдикатот да ја промените политиката на изразување незадоволство на ваков начин и да му дадете можност на социјалниот дијалог. И вие како синдикална организација и ние како институции знаеме дека тоа е најдобрата опција за надминување на секоја ситуација во која постојат несогласувања.

Ова го истакнал министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанок со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата.

– Непримањето на деца во училиштата и неспроведување на настава влијае на социјализацијата на учениците и создава празнини во знаењата кои понатаму потешко се пополнуваат. Тие и онака веќе изгубија голем дел од наставата, учејќи во вонредни околности и услови на пандемија повеќе од година и половина. Повисоки плати за наставниците ќе има, на тоа работиме и ќе го одржиме ветениот збор, како што тоа го направивме и во три наврати во изминатите години, зголемувајќи ги личните примања на вработените во училиштата за над 21 процент. Но, во меѓувреме заеднички приоритет мора да биде враќањето на учениците таму каде што им е местото, рекол Шаќири, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.

Министерот Шаќири нагласил дека секој нереализиран наставен ден поради штрајкот, значи продолжување на наставната година по 9-ти јуни, имајќи предвид дека законските прописи не дозволуваат намалување на наставните програми во вакви околности. Поради тоа, стои во соопштението, распустот на учениците мора да биде одложен соодветно на бројот на неодработени денови, а согласно измените кои ќе бидат направени на Календарот за организација на учебната 2021/2022 година.

– Ситуацијата би предизвикала и пролонгирање на сите претходно утврдени рокови за полагање на училишна матура, за уписи во средни училишта, но и во високообразовните установи во земјата и во странство. Исто така, неработењето на училиштата го оневозможува правото на околу 500 наставници да полагаат стручен испит како основа за понатамошно вработување на неопределено работно време, нагласил министерот.

МОН целосно го почитува синдикалното право на штрајк и во ниту еден момент не го попречи неговото спроведување. Но, се подвлекува во соопштението, загрижува формата и времето во кое тоа се применува. Сепак, како што посочил министерот Шаќири, подготвени сме да го продолжиме дијалогот, но без условувања и нереални барања, кои само ги отежнуваат преговорите. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

ВЕСТИ October 18, 2025

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат…

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.