Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За слободата и идејата на слободните граѓани версус робовите и ботовите

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ / ФРОНТЛАЈН

Од 2017 година до денес, идејата на слободата е, за тоа да човекот биде слободен, да се движи кај што сака и како сака, да зборува слободно и да не биде казнет за тоа што го зборува, да се собира слободно, да ги ужива сите привилегии и ги исполнува сите должности и одговорности на слободен граѓанин. А потоа – со својата внатрешна слобода може да прави што ќе посака.

Тоа беше идејата, велам, за тоа се боревме, ако сакате баш експлицитно и вистинито да зборуваме. И за овој идеал во огромна мера се изборивме. Од друга страна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие идеали не даваат пет пари; тоа ни го покажаа милион пати досега. Од договорот во Преспа, од неисполнувањето на влезот на Бугарите во Уставот, па сè до личните слободи на граѓаните. Такви керефеки нив едноставно не ги интересираат. А без овие базични, основни и цивилизациски слободи – нема ниту живот, нема ниту економија, нема ништо. Има само прав, пепел и узурпација на сè. Во уште побрутален превод – Мицкоски со неговата фамозна партија планира да ја убие Македонија.

Погледајте ја неговата рационалност, погледајте ги неговите „сенки“ кои се нарекуваат министри во техничката влада на Талат Џафери. Погледајте го тоа самоволие, медиумско арбитрирање и пресудување. Како да ја гледате самата смрт која е дел од сложувалката, а Силјановска е тука поставена чисто како декор – да ја ублажи и релативизира таквата смртност. За овие луѓе, слободата е премногу општа и метафизичка, затоа што овие луѓе, со своето делување се против духот што го изнедри Македонија од 2017 година наваму; овие луѓе се и против духот на слободата што го изнедри и самата Европа. Слободата е слобода за сите (граѓани на оваа земја), а не само за еден (Мицкоски).

Слободата е за живот, а не за ропство. Слободата е за живот на сите, а не за смрт.

И за оваа слобода се боревме сите овие години. Не е слободата во тоа кој ќе биде директор, главен тендераш, печалбар во дадениот контекст „затоа што моите се власт“. Се разбира, ова е рецидив од религиско (христијанско) поимање на слободата. И без разлика на тоа, слободата во демократија е проклето важна и проклето клучна. Без слобода нема ништо. Впрочем, читајте го Орвел ако не сте го читале Шаламов; или ако не му верувате на Примо Леви или, пак, не му верувате на Фридрих Ниче.

Јас со илјадници граѓани се борев и ќе продолжам да се борам за тоа да човекот биде слободен, да се движи каде што сака, да зборува слободно и не биде казнет поради тоа, да се собира слободно, да ги ужива сите привилегии и ги исполнува сите обврски и права на слободниот граѓанин. А потоа со своите внатрешни слободи може да прави што сака.

Социјалдемократската партија, СДСМ, во последните неколку денови повторно почнува да се крева, да добива на значење, а синергијата на власта е да ја зачува во едно коло; oд друга страна, профилот на Стево Пендаровски ќе биде дополнителна „буст-вакцина“ за нова или стара мобилизација. Опасноста може да дојде единствено од оној кумановски „Максимилијан“ кој отцепува делови од чистото гласачко „сдсмовско“ изборно тело. Дали Ковачевски ќе умее да го припитоми или собере Максимилијан, тоа е работа на стил, умешност, а можеби и тоа е работа на трговија. Сложени се патиштата на ниските страсти, амбициите и афинитетите.

А можеби, пак, единствено важно од сето погоре е, а и тоа кое произведува и еден вид јавен интерес заради историското значење: СДСМ има историски симболички потенцијал кој е втемелен во слободата и заедништвото, поточно СДСМ мора да се врати на своето „фабричко подесување“ – инклузија на сите, без фаќање за гуша и влечење за уши. Тоа е силата на СДСМ, вклучително и нејзините јасно продефилирани актери кои се за Европа и САД. Нема поголем јавен интерес од овие смерници. Впрочем, тоа не може да го реши ниеден „меѓупартиски дил“, туку оние кои ќе бидат продолжувачи на мисијата и смислата во политичкиот живот на партија која во моментот е главен стожер и кичма на македоското општество. И за таквата кичма мора да се бориме за да не бидеме (сите заедно!) минато свршено време.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
ВМРО Ненад Јовановиќ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.