Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Словенија проширувањето на ЕУ со Западен Балкан клучен приоритет

0
By Нова ТВ on April 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска се одржа 17. конференција на претседатели на парламенти на Јадранско – јонскат иницијатива на која учествуваше и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, а пред присутните се обрати и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Тој истакна дека Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ, а проширувањето на Унијата и тој ќе бидат меѓу клучните приоритети на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.

За Словенија многу е важно да се обезбеди стабилност, продолжување на реформскиот процес, економски развој и зајакнување на политичкиот дијалог во регионот, а целта е да се оневозможи затворање на процесот за пристапување во ЕУ, беше истакнато на конференцијата.

Во обраќањето на темата „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“, претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери  потсети дека годинава, како и минатата 2020 кога се навршија 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската унија.

– Младите, како мотор кој што ги прави и води промените во општеството, се наша приоритетна обврска, односно, на креаторите на политиките и донесувачите на одлуките во земјите, истакна во своето обраќањето пред неговите колеги, македонскиот претседател на Собранието.

Во тој контекст, наведе тој, во Република Северна Македонија, во 2016 година е донесен Национален акциски план за младите, во кој беа детектирани состојбите и насоките за делување за подобрување на состојбата на младите на пазарот на трудот, со цел да се намали стапката на невработеност, што е суштинско прашање за решавање, преку имплементација на квалитетни политики за вработување кои ќе предизвикаат долгорочен позитивен ефект во развојот на нашата економија, но, и со носење на посебни закони од областа.

– Дел од тие политики се: имплементацијата на активни програми за вработување преку Оперативен план, воведување на гаранција за млади, воведување младински додаток, донесување и имплементација на Законот за практиканство и Законот за младинско учество и младински политики, истакна Џафери.

Тој потенцира дека Јадранско-јонската иницијатива продолжува да биде семејството во кое соработуваме регионално, споделуваме искуства, учиме и заедно ги надминуваме предизвиците и воедно го олеснуваме, прошируваме и овозможуваме слободното движење, учење, работење и надградување на нашите млади генерации кои се секако затекнати од наметнатите ограничувања поради пандемијата.

Претседателот на Собранието изрази благодарност до виртуелниот домаќин, Државниот збор на Република Словенија, за успешно организираната конференција и изрази верба дека регионалната соработка ќе продолжи да се надградува и развива за посветлата иднина на нашите млади и за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

Џафери и посака успех на Република Албанија за претстојното претседателство со Јадранско-јонската иницијатива и Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион помеѓу 1 јуни 2021 и 31 мај 2022 година.

На конференцијата за искуствата во нивните држави меѓу другите говореа и претседателите на Парламентите на Србија и на Црна Гора, Ивица Дачиќ и Алекса Бечиќ.

Дачиќ меѓу другото истакна дека Србија е заинтересирана за понатамошна соработка за интеграција во ЕУ, затоа што, како што рече, соработката со соседите за пристаување во ЕУ е нивна стратегиска цел.

За Бечиќ потребно е да се зајакне интерпарламентарната соработка на сите нивоа, потенцирајќи дека регионалната соработка е важен модел што отвора различни можности за соочување со бројни предизвици со кои се соочуваме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.