На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност,а екстремно пребрзите и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Денеска (29 ноември) од 7 до 10 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата надвор од населено место, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци, односно пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-17 и ГВ-11).
Најголемиот број од пречекорувањата (17) биле направени од возила кои според видот биле брзински ограничени, односно возила кои превезуваат патници или товар (ТЕ-8 и ГВ-9), а санкциониран бил и 1 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ).