Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За три месеци запленети наркотици вредни над 5,5 милиони евра

0
By Biljana on April 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само во тој сегмент спречени се 20 канали за меѓународен транспорт на наркотици. 

За само три месеца запленети се над 2,2 тона марихуана со вредност од над 5 милиони евра, околу 1,2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра, 7 килограми хероин со вредност од речиси 300.000 евра, објави денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Впрочем, и 2021 година ја заокруживме со добри резултати во контекст на врвниот приоритет на ова раководство на МВР – сузбивање на недозволената трговија со дрога. Притоа, само во овој сегмент спречени се 20 канали за меѓународен транспорт, запленета е наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, сузбиени десеттина организирани криминални групи, составени од 60 члена, од кои три се поликриминални, односно покрај шверц со дрога, инволвирани се и во недозволена трговија со оружје и во криумчарење на мигранти. Или, откриени се 702 кривични дела, а мерки на кривичен прогон се преземени против 833 сторители“, наведува Спасовски.

Тој посочува дека ова само говори за добрата стратешка поставеност на Министерството која донесе одлични резултати, а државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

наркотици Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.