https://www.youtube.com/watch?v=LKRjrgD0ZFI
ВМРО ДПМНЕ смета дека вчерашниот предлог закон за јазиците е спротивен на Уставот на Република Македонија. Од партијата најавуваат дека нема да го поддржа.
-Долго време предупредувавме, и за време на изборната кампања и после изборната кампања дека Заев е марионета која што не ги штити македонските национални интереси, туку истите ги распродава преку Тиранската палтформа, преку договорот со Софија, а се со цел да се искупи од кривичните дела кои што ги направил. Кредитот го плаќа Република Македонија. Нашите национални интереси се дадени на распродажба за да се заштити желбата на господинот Заев, неговата алчност и лакомост и амбиција да остане како премиер на марионетска влада, рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање.
Од оваа партија го оспоруваат и тоа што законот ќе се носи со преднзакот „европско знаменце“. Милопоски рече дека овој закон нема врска со усогласувањето на македонското со европското законодавство.
-Ова е направено се со цел законот да може да се расправа во Собранието само три дена. Тоа значи дека брзањето на Заев и на Шекеринска, овој Закон за двојазична Македонија да го донесат во Собранието за само три дена и самите се свесни колку е штетен овој закон, и самите се свесни колку народот го чувствува тоа како свое незадоовлство и пониженост затоа што беше излажан, рече Милошоски.

