Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забелешките на Советот на Европа за законот за медиуми

0
By Сашка Цветковска on June 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Европа на 130 страници ги даде своите коментари и забелешки на нацрт-законот за медиуми во Македонија. Зголемената опасноста од контрола на власта во Агенцијата за радиофизија е главната забелешка во анализата на Советот на Европа.

За да се зголеми независноста агенцијата, односно новото тело кое треба да ги регулира медиумите, тие предлагаат членовите во советот да се бираат со двотретинско мнозинство во парламентот, да се намали бројот на членови кои ги предлага Собранието, а да се зголеми бројот на членови кои ги предлага невладиниот сектор.

– Независноста на Агенцијата единствено може да се осигура доколку процесот на номинација и изборот на членови на Советот е ослободен од еднострано политичко влијание колку што е можно повеќе. Владејачката партија ќе има доминантно влијание преку преку номинирањето членови од страна на Комисијата за избори и именувања и назначувањето на кандидатите во парламентот затоа што и на двете места им е потребно просто мнозинство.

За да се избегне оваа опасност, треба да се бира со двотретинско мнозинство, пишува во анализата на Советот.

Тие препорачуваат да се зголеми бројот на номинации од невладиниот сектор на сметка на номинациите од политичките тела. Исто така, предлагаат да се намали мандатот на членовите на Советот и да биде помеѓу 5 и 7 години, наместо предложените 9.

Советот на Европа препорачува да се изземат печатените медиуми и интернетот од регулацијата, а уште посилни се забелешките тоа да се прави во еден закон.

– Затоа, не без причина третманот на печатените медиуми и аудиовизелните медиумите се во одвоени закони генерално во Европа и тоа со многу послаб режим за печатот. Регулацијата на сите медиуми во еден закон претставува опасност од недоследности, прекумерна регулација и не е јасно од каде потребата за таков сеопфатен закон, забележуваат експертите од Советот на Европа.

Дефинирањето на новинарот за Советот на Европа е рестриктивно и неприфатливо во формата во која е дадено во законот, а и дефиницијата на медиумски издавач ја сметаат за контрадикторна.

Забелешки има за речиси секое поглавје од законот. Со слични аргументи е и анализата на ОБСЕ која излезе минатата недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.