НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заблудите на форумот

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заблудите што ВМРО-ДПМНЕ ги шири дека ќе не ослободи од „кираџискиот“ однос во сопствената држава сака да ги наметне како заблуда на целото население.

Љубиша НИКОЛОВСКИ / Рацин.мк

Најголема заблуда на Македонците е дека Македонија може еден убев ден, некој, било кој, некоја политичка сила, макар се викала таа ВМРО-ДПМНЕ или „Левица“, „Знам“ на кумановскио градоначалник Димитриевски, или ДС на вечниот пратеник од власта Павле Трајанов и сите други патриотски асоцијации, здруженија и концепти со силна национална агенда, да ја врати на почетокот на деведесеттите години и таа, наместо ваква, каква е сега, да се стори држава пред сè и над сè на Македонскиот народ.

Во неа, другите малцинства ќе имаат доволно права, но онолку, колку што мнозинската заедница Македонци ќе определи дека им се таман. Во таа држава, оние другите, особено Албанците, ќе треба да се чуствуваат среќни поради тоа и нивните деца наутро на училиште, построени во училишниот двор со восхит ќе ја пеат македонската химна при кревање на знамето од Вергина. Возрасниите Албанци ќе имаат право да учествуваат во политичкиот живот, да бираат и да бидат бирани, но претходно „избрани“ од Македонците, како добри Албанци. На позицијата што ќе ја добијат,  како што вели колегата Героски да бидат слика и прилика на д-р Вулнет Старова, кој според фактите на Героски, „беше сѐ само не „про-форма лидер за една употреба“. И додава Героски „сите ние би биле среќни ако новиот технички премиер го земе ликот на д-р Старова за пример и ако се инспирира дури и од самата појавност на тој извонредно културен и образован човек“.

Не знам зошто Героски со сила се прави наивен, (кога е далеку од тоа), или да почнам да верувам дека можеби си земал за задача да ја убеди некако албанската опозиција да омекне малку и да ја одоброволи, зашто од она што таа го заговара како етно национална опција, тешко на ВМРО-ДПМНЕ како можен коалициски партнер во власта.

Имено ако докрај го прочитате соопштението од Европскиот сојуз за промени, ќе заклучите дека овие „зелениве“ од ДУИ се „мачкина кашлица“ во однос на барањата на Тројката: Меџити, Касами и Гаши.

Еве само дел од нивното соопштение по повод прославата на ДУИ за позицијата технички премиер на Талат Џафери:

„Етничката нееднаквост цвета насекаде, под превезот на ‘добри меѓуетнички односи’. На телевизиските екрани парадира не избраниот, туку инсталираниот албански претставник. Ова е опис на состојбата на Албанците во Социјалистичка Република Македонија во 1986 година, во годината кога македонскиот естаблишмент го избра Вулнет Старова за претседател на Собранието. Назначување кое требаше да ја докаже еднаквоста на народите, но во реалноста само ја докажа злоупотребата на отуѓеното претставување од страна на македонскиот естаблишмент. Етничката формалност беше злоупотребена за негирање, казнување и понижување на албанскиот национален дух.  Феноменот на поставување на про-форма албански лидери за една употреба сега ја опфаќа и Северна Македонија, во форма на поставување на Талат Џафери за премиер на ДУИ, но за да го рекламираат како прв албански премиер. На денот на неговото именување, во баналната церемонија на самофалење со пердуви над срамот, во Северна Македонија сè уште имаме деца на кои не им се овозможува и не смеат да учат на својот мајчин јазик.  Во оваа Македонија, каде што Ахметистите уживаат рамноправност со партнерите на ВМРО и СДСМ, цвета нееднаквоста кај Албанците“.

Значи, поента е во тоа што секоја македонска партија треба пред себе да ја има реалноста за општествено политичката ситуација во која Албанците по природа на работите стекнале некои права што никој не може да им ги одземе. Времињата на Вулнет Старова за нив одмна ги однел ветерот.

Но страстите се веќе разбранувани и очекувањата се дека еве, кај да е, ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и ќе стави сè на свое место, како што треба! Како? Па така што нели, ќе освои педесет и некое место во Парламентот, Мицкоски ќе формира Влада со албанската опозиција под негов диктат, а не како сега овие од СДСМ што им дадоа премногу министерски позиции. Тој ќе им понуди две, три министерски места за бурек и така нели, ќе си владеат среќно десетина и повеќе години додека „смртта не ги раздели“! Како во приказните.

Оваа мантра што сега им се презентира на Македонците, е невидена лага. Ако пак некој на јаве поверува во тој сон, подобро да се расони навреме, зашто најлошо е ако месечар се разбуди во невреме.

А будењето на Мицкоски ќе биде со ококорени очи кога тие од ЕСП ќе ги испорачаат своите програмски платформ. Како прво Европа Здај (Европа сега и одма), една третина министри на витални функции, наместо Бугарите во Преамбула – албанскиот јазик во Устав, Албанец како консензуален претседател на државата (зашто местото собраниски спикер веќе е остварена цел), или премиер, но не  во техничка Влада, туку во политичка Влада во полн капацитет, а најмалку пола-пола во цел мандат. Ако се залетаат може и дводомен Парламент да му ставт под нос.

За воља на вистината такви програмски барања имаат можеби сите партии на Албанците кои сакаат да дојдат на власт. А тој може да прифати или да одбие. Ако прифати отиде и партијата и државата. Ако не прифати, отиде коалицијата. Ако отиде коалицијата, отиде и Мицкоски. Кога ќе отиде Мицкоски, на негово место ќе дојде друго дете- блиско до Калето и тогаш работите ќе тргнат…

П.С. Му се извинувам на колагата Героски за споменување на неговото име во оваа колумна, која не е насочена против него, туку неговите аргументи беа земени како контраст на писмото на ЕСП.

Избори 2024 Коалиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.