Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забранет влезот на избрканите работници во зградата на ССМ

0
By Менче Атанасова Точи on February 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На осумтемина работници кои беа избркани од работа од фирмата СИМАК ДООЕЛ, претпријатие кое е во состав на Сојузот на синдикатите на РМ, им бил забранет влезот во зградата, тврдат дел од нив за  НОВА.

Откако НОВА ја обелодени сторијата дека пред две недели осум луѓе добиле отказни решенија како технолошки вишок, тие тврдат дека утредента, по состанокот на претседателството, телефонски им било соопштено дека веќе немаат пристап во зградата.

Една хигиеничарка кој доби отказ од работа била вратена на самиот влез од обезбедувањето, при обид да се качи кај своите поранешни колеги. Дел од луѓето се пожалија во редакцијата на НОВА, дека им треба помош од правниците во ССМ, во однос на нивните жалби, но наместо да ги штити нивните интереси Синдикатот ги брка и им забранува да влезат во зградата.

– Во зградата работев цел животен век, за членството во Синдикатот одвојував од скромната плата и од устата на моите деца, сега дојде време да ме бркаат, вели вознемирено една од жените која не сакаше да и биде спомнато името. Вие не знаете со какви реперкусии и притисоци се соочуваме ние, дури и на правниците им е забрането да комуницираат со нас, вели таа.

Вчера пак, претседателот Живко Митревски на прес конференција изјави дека е зголемен бројот на работници од цела држава кои се обраќаат во ССМ и бараат  заштита на работничките права, при што Синдикатот им нуди правна помош.

На прашањето зошто се отпуштени осум работници од фирмата СИМАК која е формирана од Синдикатот, Митревски рече дека фирмата си има раководител кој сам одлучува за се, и затоа таму треба да се бара одговорот.

Само пред два дена кога НОВА ја контактираше Вера Бужаровска управителка на фирмата СИМАК, таа изјави:

– Фирма дејствува според Законот за трговски друштва, но не одлучува за ништо. Одлуките ги носи само Сојузот на синдикатите на Македонија, изјави тогаш Бужаровска за НОВА. 

Тоа потенцира дека стравува што ќе се случува понатаму бидејќи зградата постојани се празни, кираџиите си заминуваат. Веќе шест од вкупно 13 спрата биле испразнети,  поради што не било исплатливо постоењето на овие работни места, па затоа биле прогласени за технолошки вишок. 

Оваа фирма ја одржуваа хигиената, се грижи за исправноста на лифтовите, за дефектите на водоводната мрежа, струјата и парното.

И додека претседателот на ССМ, Митревски ја префрла одговорноста кај управителката на СИМАК, Бужаровска, работниците остануваат незаштитени. Што понатаму ќе се случува со зградата која е во сопственост на ССМ и со вработените, останува да се види.  

Инаку, новинарите кои меѓу првите се качиле на прес конференцијата кај Митревски вчера раскажуваат дека биле непријатно изненадени кога лифтот се заглавил и не сакал да застане на спратот. Бидејќи единствениот хаус мајстор кој ги поправал лифтовите исто така доби отказ од работа, на помош бил викнат портирот, кој ја смирил ситуацијата и го откочил лифтот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.