Откако беше отстранет споменик на припадниците на ОВПМБ од Прешево, до локалните власти во Јужна Србија стасала и забрана за изградба на споменик во селото Ораовица, пишува „Данас“.
Овој весник додава дека на адресата на локалните власти стигнало изестување за забрана на понатамошните работи околу изградбата на меморијален компкес обележје, кој што требало да биде лоциран во селото Ораовица, одалечено неколку километри од Прешево.
Според „Данас“, сумата за изградба на ова спомен обележје била 100.000 евра.
„Ние планиравме на површина од околу три илјади квадратни метри да изградиме меморијален комплекс на осуммина припадници на ОВПМБ кои загинаа за време на бортите во мај 2001 година. Целата инвестиција требаше да чини околу 100.000 евра, а средствата ги обезбедивме од претставници на албанската дијаспора кои живеат и работат во земјите од ЕУ“, изјавиле за „Данас“, Албанци од Прешево.
Камен темелник за изградба на овој несекојдневен спомен-комплекс поставен е на местото Каменшите над селото Ораовица, населено исклучиво со Албанци. На ова место пред десетина дена се одржал комеморативен собир како знак на сеќавање на борбите помеѓу ОВПМБ и Здружените сили на српската безбедност.