Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец: Ако го блокираат „Отворен Балкан“, Милошоски и Мицкоски стануваат противници на три народи и три држави

0
By Sashko on September 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неодговорно и на штета на граѓаните и на бизнис секторот е блокирањето на договорите од „Отворен Балкан“ од пратеникот Милошоски, изјави Националниот координатор за Отворен Балкан и регионална соработка, Марјан Забрчанец за Фронтлајн.

„Ратификацијата на договорите за слободен пристап до пазарот на трудот и за идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ мора да се заврши во Собранието за да може да стартува проектот за слободно ангажирање работна сила во која било од трите држави без работни дозволи“, вели Забрчанец.

На прашањето која е потребата и кои ефекти се очекуваат од оваа новина во регионалното поврзување, Забрчанец одговори дека побарувачката и очекувањата за оваа мерка се огромни и кај граѓаните и кај фирмите.

„Побарувачката и очекувањата за оваа мерка се огромни и кај граѓаните и кај фирмите. Се очекува овој проект да пополни празнини во економијата предизвикани од недостаток на соодветна стручна и работна сила во разни дејности во секоја од трите држави. Се очекува медицински персонал во приватните болници како и туристички работници да се ангажираат во Северна Македонија, но секако и ангажирање  работна сила и во други дејности во нашата држава, како и ангажирање наши граѓани во Албанија и Србија“, изјави Забрчанец за Фронтлајн.

Тој е дециден во оценката дека кочењето на ваквите проекти директно ги погодуваат развојот и зголемувањето на бројот на работните места.

„Секој кој ќе се осмели да кочи и блокира ваков проект дејствува против раст и развој на економијата, против нови работни места и против конкурентност која носи повисоки плати“, рече Забрчанец.

Тој смета дека Милошоски има обврска да одговори на прашањата дали се работи за координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат регионалната иницијатива што ја поддржуваат граѓаните од сите три држави.

„Милошоски треба да одговори дали е ова координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски да кочат регионална иницијатива поддржана од огромно мнозинство од македонските, албанските и српските граѓани. Дали овој потег на Милошоски се надоврзува на скандалозната изјава на Мицкоски од пред некој ден дека тој не знаел што е тоа „Отворен Балкан“ и дека не знаел каква е таа регионална соработка меѓу две држави како Албанија и Србија кои не граничеле меѓу себе?“, прашува Забрчанец.

Националниот координатор Забрчанец е убеден дека блокадите не успеваат, туку дека успева „Отворен Балкан“.

„Доколку станува збор за обид за блокада или кочење проект на „Отворен Балкан“, Милошоски и Мицкоски треба да знаат дека со тоа се прогласуваат себеси за противници на три народи, три економии и три држави. Блокадите не успеваат, „Отворен Балкан“ успева“, заклучи Забрчанец.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.