Марјан Забрчанец: Приказна за министерот за парапетче туризам кој мисли дека живее во театарска претстава во која мајката Македонија му го препишала целокупното културно наследство нему и само нему. Во едно исто ТВ гостување прво најавува дека ќе правел парапетче-масакр од културното наследство, за потоа да изрази несогласување со СК14 маскрот што ѝ се случи на архитектурата до 2017 година.
Особа А: “Нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно јавно партнерство може да се материјализира целата работа.
Особа Б: „Љутков зборуваше за брутализмот ѝ за тоа што се случило со него до 2017 година. Според него тоа не може да го оцени и оправда како правилна насока или прикривање на едно архитектонско дело и лепење врз него друго дело. Љутков смета дека нештата може да се сменат и вратат на првобитниот изглед“.
Од Фејсбук ѕидот на авторот