НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задолжителен седумдневен карантин по пристигнувањето во Грција

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, до 19 април ги продолжи авионските упатства, според кои за сите пристигнувања во земјата, задолжителен e негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, како и седумдневен карантин, со исклучок на државјаните на Израел кои имаат сертификат за вакцинација, јави МИА од Атина.

Авиоупатствата се однесуваат на сите пристигнувања од странство, вклучително и од земјите- членки на ЕУ, а продолжена е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Државјаните на Израел кои ги примиле двете дози од вакцината 14 дена пред патувањето и имаат сертификат на англиски јазик се ослободени од седумдневниот карантин.

За сите пристигнувања во Грција задолжителна е и потврда за негативен ПЦР тест, на одредени категории ќе им се прават и брзи тестови при влезот на грчка територија, а ќе бидат тестирани сите оние кои пристигнуваат од Обединетите Арапски Емирати и од Велика Британија.

По пристигнувањето од Велика Британија, освен седумдневниот карантин, задолжителен е и нов ПЦР тест за завршување на седумдневниот карантин.

Согласно упатствата што се во сила од денеска, за руските државјани, летовите се само кон Солун, Атина и Ираклио на Крит, а дозволено е пристигнување на најмногу 4 000 лица седмично.

За пристигнувањата преку копнените граници, односно преку граничните премини Евзони и Какавиа од Албанија карантинот е 14, наместо седум дена, а до 19 април продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.