Започна заедничкото патролирање на улиците на Албанија, помеѓу косовската и албанската полиција. Граѓаните го поздравуваат продолжувањето на соработката, додека полицијата повикува на дополнително внимание на сообраќајот.
Веќе четврта година по ред се спроведува соработката помеѓу полициите на двете држави, а граѓаните од Косово ја слават како да е прва бидејќи се чувствуваат многу побезбедни.
На улиците на Албанија ќе патролираат специјални единици на косовската полиција, соопштува Шехремет Ахмети, нагласувајќи дека полициските единици од Косово нема да имаат извршна улога, туку само ќе и асистираат на албанската полиција. Секретарот за безбедност на патиштата на албанската полиција, Лефтер Хуси, рече дека автопатот „Руга е комбит“, со заедничкото патролирање на двете полиции, ќе им овозможи безбеден одмор на сите туристи во Албанија.