Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заеднички проект на Скопски филмски фестивал и децата со попреченост

0
By Нова ТВ on February 12, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопски Филмски Фестивал, во партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава за прв пат почнуваат со активности што ќе придонесат за инклузија на децата со попреченост на овој етаблиран фестивал.

Проектот „Креираме заедно“  се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „ Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

Ги вклучува учениците од инклузивните основни училишта од Скопје, Тетово и Струмица, кои во духот на самозастапувањето ќе проговорат за своите проблеми и потреби, преку работилници за фотографија, видео-клип и ликовно решение за плакат за програмата на Скопски Филмски Фестивал поддржана од ЕУ и УНИЦЕФ. На почетокот на работилниците, ќе бидат одржани и обуки за детски права.

Работилниците во Струмица ќе се одржат од 13-15 февруари и ќе содржат работни групи за фотографија и видео клип, а во текот на месецов ќе се одржат и работилниците во Скопје и во Тетово.

Учениците со попреченост преку визуелни алатки ќе проговорат за своето секојдневје, за тешкотиите со кои се соочуваат дома, на улица, во училиште, а нивните типични  соученици ќе се сензибилизираат за правата и потребите на нивните поинакви врсници .

Во процесот на заедничка работа тие ќе се запознаваат едни со други, ќе си помагаат и креативно ќе се надополнуваа при создавањето на крајните продукти.

На Скопски Филмски Фестивал, кој традиционално започнува на 22 април, во рамки на дводневната програма ќе бидат презентирани видеата снимени од учениците,  изложба на фотографии, а планирана е и богата едукативно- забавна филмска програма за деца.

Со цел поттикнување дијалогот помеѓу релевантните институции, невладиниот сектор и родителите, планирана е дебата на тема „Kако до целосна инклузија на децата со попреченост“.

Пропратни завршни настани со слична содржина ќе следат во Струмица и Тетово .

Обуките за креативните работилници ќе ги одржат: Ване Костуранов- постер, Наташа Гелева- фотографија, Јане Алтипармаков- видео.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.