Нема никакви незаконски дејствувања за набавката на вакцините, истакна денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, кој рече дека се договорени преку кинеската Амбасада и кинеското МВР.
-Во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат граѓаните за час поскоро да ги имаат. После две недели на чекање на активности на кинеската амбасада ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме нарачките да стигнат преку МНР на Кина и Кинеската амбасада. Нарачките што сме ги правеле према Кина се со потврда и писма на Синофарм, донесени се сите неопходни одлуки и се очекува да стигнат 200.000 нарачки од кинеската вакцина, рече Заев.