Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Буџетот ќе се полни и преку договори за повеќе енергетски проекти

0
By Нова ТВ on November 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев како експликација на делот на Буџетот за 2021 година, кој се однесува на поголема разновидност и на дополнителни извори на приходи во државната каса ги наведе иницијативите за јавно приватно партнерство за хидроцентралата Чебрен, инвестициите во ветерници за производство на струја со јачина од по 30 мегавати во Богданци, во Гевгелија и Свети Николе како и во реализација на соларните електрани во Осломеј со вкупен капацитет од 100 мегавати.

Премиерот Заев истакна дека една од извесните инвестиции во форматот јавно-приватно партнерство е предвидена и за ТЕЦ Неготино за нејзина трансформација во електро-централа на хидроген.

Во делот на енергетиката премиерот Заев го најави и инвестицискиот проект на Владата на Северна Македонија за влегување со акционерски удели во гасната станица за производство на електрична енергија и во терминалот на течен природен гас во Александропулос – Грција, за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори.

Премиерот Заев нагласи дека во насока на дополнување на изворите за Буџетот се очекуваат инвестиции во ски-центарот Попова Шапка, со дополнителна одлука за дали тоа ќе оди на продажба или со концесија, како и на туристичките објекти во Струга во сопственост на Електрани на Северна Македонија.

Како дополнителни можности премиерот Заев ги наведе потенцијалите од приватизација на дел од акционерските друштва во доминантна или делумна државна сопственост и истакна дека во функција на развојот е предвидено до крајот на 2021 година да отпочне и да заврши постапката за продажба на Македонска пошта, исто како и на Македонски железници и Евро-композит, фабриката за шински возила „Колска“, Тутунски комбинат Прилеп, како и некои други компании во кои државата е сопственик или мнозински сопственик.

-Немаме намера да го продаваме акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Северна Македонија. Тоа е компанија со големи и потенцијални ресурси која остварува профит од кој што еден дел се инвестира во заштитата на животната средина како што е проектот со инверторите, во филтрите во РЕК Битола, во нова опрема и механизација за сопствените потреби за работа на енергетските ресурси на компанијата, нагласи премиерот Заев.Премиерот Заев додаде дека се очекува реализација на веќе најавените иницијативи како што е легализацијата на автомобилите со странски таблички од кои се очекува приход од околу 20-тина милиони евра, продажбата на земјоделското земјиште во сопственост на државата со гаранции дека земјиштето останува за земјоделско производство, ставањето во функција на финансискиот пазар на готовинските пари кај граѓаните кои ќе добијат можност да вложат и во државни обврзници, како и дополнителни финансиски придобивки за државата и за инвеститорите од декриминализацијата на канабисот.

Како уште една придобивка од сите овие иницијативи за поголема диверзификација на изворите на финансирање на државата се очекува и намалување на даночната евазија која се движи над 30 отсто, како резултат на борбата против сивата економија со што се комплетираат мерките кои треба да го овозможат рестартирањето на македонската економија во пост-ковид периодот и за раст како дел од стратешки планови и позиционирање за да покажеме дека тоа што го направивме на политички план можеме да го поткрепиме и со растечка економија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.