Бугарија не бара промена на уставот и сметам дека нема потреба од промена на договорот со Бугарија, изјави пред малку премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека е оптимист дека ќе се решат проблемите помеѓу Македонија и Бугарија. Заев остана на ставот дека нема потреба од лидерска средба, затоа што тоа може да му одмогне на процесот.
-Јас верувам дека ќе има договор. Борисов беше тука и испрати порака до македонскиот народ, дека ја признава реалноста на македонскиот јазик. Секогаш сме подготвени да ги потврдиме сите наши уставни определби. Верувам дека низ духот на пријателството ќе ги решаваме прашањата. Мицкоски ниту имал став, ниту во нешто се вклучил да помогне во историскиот исчекор на земјата. Процесот се води преку МНР, верувам дека ќе се најдат решенија. Можно е да одмогнеме на процесот ако свикуваме лидерска средба. Тоа не е прашање на кое лидерите треба да се натегаат, се со цел државата да тапка во место, изјави Заев.