Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев да ја смени одлуката, апелираат негови сопартијци, коалициски партнери и меѓународни претставници

0
By НОВА ТВ on November 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана и донесена во емотивен момент, сметаат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница.

Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции.

Сопартијците и коалициските партнери го повикуваат Заев да донесе мудра одлука со цел државата да не западне и во политичка криза, од која последици би трпело целото општество. Посочуваат меѓу другото дека е период кога државата се уште се справува со ковид пандемијата, како на здравствен, така и на економски план, додека дополнително се заканува и енергетска криза.

Од друга страна, потсетуваат дека претстои решавање на недоразбирањата со Бугарија, кои би го откочиле евроинтегративниот процес на земјата преку отпочнување на пристапните преговори.

Според нив, политичките опоненти го нудат, како што велат, токму спротивното, бидејќи приврзаниците на Христијан Мицкоски продолжуваат да го негираат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Охридскиот рамковен договор, но и ги поткопуваат меѓуетничките тензии на домашен план.

Иницијативата во СДСМ, за Заев сепак да остане на чело на партијата прв ја покрена пратеникот Мартин Костовски.

– Јас, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово, од денеска поднесувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ, вели Костовски, кој доби поддршка од партиски функционери и членови на партијата.

И коалициските партнери настапија со барање Заев да ја промени одлуката и изразија поддршка на Владата потврдувајќи дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Побараа од него да ја преиспита својата одлука за оставка од премиерската функција, како и од местото лидер на СДСМ.

– Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, откако Заев го најави повлекувањето.

Маја Морачанин од ДОМ, пред средбата со Заев и партиите од владината коалиција, изјави дека не поддржуваат одржување предвремени парламентарни избори и формирање ново парламентарно мнозинство, бидејќи, како што рече, на Македонија и е потребна стабилност, се соочуваме со енергетска криза и се уште трае ковид пандемијата.

Оставката на Заев предизвика реакции и во меѓународната заедница, а најгласни беа соседите потписници на Преспанскиот договор.

– Ако има владина промена ова сигурно ќе донесе голем притисок врз Договорот, врз правилното спроведување на Договорот од Преспа што е прашање за нас. Но, сметам дека ќе создаде повеќекратни проблеми за самата Северна Македонија во врска со нејзиниот европски тек, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис.

Оставката на Заев не само што е лоша вест за реформските напори што тој ги започна во Северна Македонија, туку и лоша вест за иднината на европскиот проект, вели во интервју за партиското гласило на германските социјалдемократи (СПД), Нилс Шмид надворешнополитички гласноговорник на пратеничката група на СПД во Бундестагот, пренесува Дојче веле.

Шмид потенцира дека и покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ.

– Оставката на Заев е тежок удар, не само за европската социјалдемократија, туку и севкупно за проширувањето на ЕУ. Не смееме да го потценуваме разочарувањето на младата, европски ориентирана генерација кое го произведува недоволната поддршка за социјалдемократските, реформски ориентирани политичари како Заев, заклучува германскиот политичар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.