Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Далекуводот Неокази-Пробиштип носи бројни придобивки за граѓаните и реалниот сектор

0
By Нова ТВ on October 11, 2020 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АД „МЕПСО“ денеска ја пушти во употреба втората делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип. Дел е од новиот 110-киловолтен далновод Штип – Пробиштип, изграден на трасата на стариот, кој беше во функција речиси половина век.

Во проектот се вложени 2,45 милиони евра, преку заем од ЕБОР и сопствени средства на АД „МЕПСО“. Премиерот Зоран Заев на официјалното пуштање истакна дека се работи за капитална инвестиција во нова и модерна дистрибитовна мрежа која, како што рече, ќе донесе бројни придобивки за  реалниот секор и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и квалитетно снабдување со електрична енергија за Пробиштип, Штип, Кратово, Свети Николе, Крива Паланка и Злетово, како и за целосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази во која веќе има голем инвестотор од металопреработувачката индустрија.

– Пред точно една година бевме на оваа траса кога почнаа работите за изградба на новиот далновод. Првата делница, трафостаницата Штип – Неокази е пуштена во јуни годинава, а целта на пуштањето на новата делница е да ја потенцира нашата заложба за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со овој проект ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали на овој наш убав регион, истакна Заев.

Нагласи дека заложбите на Владата во континуитет се насочени кон создавање подобро деловно опкружување за да се зголеми економскиот потенцијал и да се подобрат условите за работа, да се отворат нови работни места и да се привлечат инвеститори што, пак, ќе го зголеми БДП-то на државата.

Ги пофали и странскиот изведувач на проектот и домашните подизведувачи зашто во вонредни услови поради пандемијата, за неполна година е изграден и целосно ставен во функција овој значаен електроенергетски објект. Се заблагодари и за соработката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за реализација на инвестицијата.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека  е изработен објект од 25 километри и дека со проектот се подобрува квалитетот на електропренсната мрежа од Штип до Пробиштип, а по издавање на одобрение на градба, „МЕПСО“ ќе продолжи со инвестиција и на далноводот од Штип до Овче Поле, а веднаш потоа и до Скопје.

– Така што, целиот регион и целата држава ќе ја стабилизираме во енергетскиот сектор. Ова е многу значајно зашто компаниите, и домашни и странски, кога доаѓаат да инвестираат бараат стабилност, добра инфраструктура и добри патишта, како и добар електроенергетски сектор. Токму поради тоа, работиме не ваков вид објекти, но и поради кризата со Ковид, ова е можност да ги вбризгаме парите во инфрструктура, во домашниот бизнис-сектор и компаниите кои работат и градат вакви значајни капитални проекти за државата. Ова е објект од 25 километри, да продолжиме со останатите 130 километри нови далноводи кои ќе бидат значајни за целата држава, рече Бочварски.

Напомна дека многу значаен проект е и поврзувањето на Битола со Албанија зашто и регионално, рече, ќе се поставиме како држава со стабилен енергетски сектор.

Генералната директорка на АД „МЕПСО“ Ева Шуклева истакна дека со новата делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип ќе се овозможи доверливо и непрекинато снабдување со електрична енергија во источниот регион.

– Во вонредни услови и во период со многу ограничувања и предизвици, во целост и успешно завршивме регионално значаен енергетски проект – нов 110-киловолтен далековод, на трасата на стариот далековод кој беше во функција 48 години.  Со оваа инвестиција овозможивме Пробиштип од електроенергетски аспект да добие одлични предиспозиции за привлекување инвестиции, со што ќе се отворат нови рабиотни места во економската зона, рече Шуклева. Додаде дека вкупно ќе бидат изградени 130 километри нови далноводи и ќе бидат вложени околу 15 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.