Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Даночното затајување на Груевски е казна затвор минимум 4 години

0
By Нова ТВ on April 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Го повикав неколку пати досега Никола Груевски, да и одговори на македонската јавност, за криминалот во којшто тој е лично инволвиран. Груевски организирал продажба на Македонска банка, а ниту бил акционер, ниту бил сопственик, туку само претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ја продал банката зад грбот на акционерите и зад грбот на директорот на банката. Никола Груевски од продажбата на Македонска банка лично земал КЕШ од милиони евра, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на прес конференција.

Само за даночно затајување, Никола Груевски направил дело коешто, согласно кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години.

Не е доволно што Груевски е фатен на дело, туку тој продолжува да ги лаже граѓаните, па дури и ја блокираше информацијата во сите медиуми под негова контрола. Денес на медиумите има повеќе изјави како Груевски ја лаже македонската јавност дека не направил криминал, а го игнорираат доказот за криминалот, односно скандалозната аудио снимка што го разоткрива неговото вистинско лице.

Значи, прво, Никола Груевски, направил кршење на неколку закони во Република Македонија. Второ ја излажа цела македонска јавност. И трето, најголема потврда дека е направен криминал од негова страна е тоа што не дозволи да се објави снимката на медиумите под негова контрола.

Сите во Македонија можат да претпостават дека примањето КЕШ и притоа избегнувањето плаќање данок кон државата е пракса којашто продолжила кај Никола Груевски како претседател на ВМРО ДПМНЕ и од кога станал Премиер на Република Македонија. Сѐ почнува од криминалниот модел што го воспоставил Никола Груевски и оттогаш наваму се шири тој за него успешен модел, којшто денес финансиски ја клекна на колена Република Македонија.

ОВОЈ МОДЕЛ ДЕНЕС КОНТРОЛИРА СЕ ВО ДРЖАВАТА!

Овој модел денес е присутен во сите пори на општественото живеење и ја има подјадено Република Македонија до ниво на вистинска задолженост на државата од преку 50% од БДП, до ниво на преку 70% сиромаштија на граѓаните, до ниво на преку 440.000 граѓани заминати од државата, до ниво на апсолутна диктатура – медиуми под целосна контрола на режимот, страв кај граѓаните и непостоење на основните вредности на слободно живеење. Демократијата, правдата и слободата денес се ретка привелегија на поединци.

Грабежот што и се случува на Република Македонија е многу сериозен и мора веднаш да се спречи.

Поставената криминална мрежа од страна на врвот на власта, којашто константно, долг период, ја краде државата, а се одржува на власт со системска контрола на гласачите, мора веднаш да биде прекината.

КРИМИНАЛНА МРЕЖА ОД ВАКОВ КАЛИБАР ОРГАНИЗИРАНА ОД ВРВОТ НА ВЛАСТА ЌЕ ИМА НЕПОПРАВЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Постојат два начина да се спречи тоа.

Системската контрола на гласачите неопходно е веднаш да биде прекината.
Граѓаните да се одважат и охрабрат и да не подлегнат на притисокот од диктатурата. Целиот овој криминален модел да го прекинат на избори со тоа што нема да гласаат повеќе за Никола Груевски.

На 27-ми април, масовно да излеземе на гласање, и вие кои излеговте во првиот круг од претседателските избори и го дадовте својот глас за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на тој начин поддржувајки ги промените во Македонија, и вие кои од кои било причини не излеговте. Да го прекинеме владеењето на оваа корумпирана и расипничка власт.

Вториот начин е Никола Груевски сам да се повлече. Затоа денеска повторно го повикувам основноположникот и креаторот на криминалната мрежа во Република Македонија:
Никола Груевски, те повикувам, веднаш да понесеш одговорност и да ги тргнеш валканите раце од Македонија. Можеш да ја спасиш Македонија и македонскиот народ од маката со еден потег – да заминеш.

Ќе се повлечеш и ќе признаеш дека си длабоко забразден во криминал или да продолжам да излегувам пред јавноста и да ја покажувам твојата бесконечна игра со кеш, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на прес конференција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.