Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Девојки и жени молкот не е решение, јас, ние, државата, сме тука да ви помогнеме

0
By Нова ТВ on December 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата. Затоа жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – молкот не е решение. Јас, Ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и Вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство.“- говореше премиерот Зоран Заев на трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Тој ја посочи заложбата на СДСМ и на Владата дека и преку законски решенија и меѓународни документи се гарантира заштитата на жените.

„Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискириминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот. Нашата цел е стапката на семејното налслство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потреба едукација и активизам. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност, самата улогата на женитево спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот и огромен број на придобивки кои оваа Конвенција ги носи.“- истакна Заев преку онлајн трибината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.