Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ДИК и Судот не можат да влијаат на волјата на 600.000 граѓани

0
By Влатко Чаловски on December 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работата на Државната изборна комисија и Управниот суд беше формална за утврдување на фактите и вистината. Меѓутоа таа не влијае на резултатот од изборите, ако се земе предвид волјата на над 600.000 граѓани, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, во обраќањето пред Собранието, одбележувајќи го 24 декември – црниот понеделник.

– Цело време укажуваме дека треба да бидат следени процедурите и да бидат почитувани државните институции како ДИК и Управниот суд, иако апелиравме дека евентуална промена на севкупниот број на мандати, не влијае на тоа кој ќе ја формира Владата. Сепак поради вистината и фактите, процесот треба да заврши демократски, регуларно и кредибилно, рече Заев.

Заев сепак повика, на прегласувањето в недела на гласачкото место во Теарце партиите да се воздржат од интервенции, а граѓаните да излезат и да гласаат по свое убедување.

Според него промените во Македонија веќе започнале и никој не може да ги спречи, бидејќи, како што рече над 600.000 граѓани, без разлика на својата етничка припадност побараа демократска иднина за Македонија, за која Заев рече дека „нема да дозволи да биде оштетена преку заканите на Никола Груевски кон меѓународната заедница и невладините организации во земјата“.

– Сите партии мора да ја почитуваат јасно искажаната волја на мнозинството граѓани на последните избори за промени. Посебна одговорност имаат лидерите на партиите кои не смеат да помислат заради финансиски, коруптивни понуди или водени од лични или теснопартиски интереси, да не ја испочитуваат волјата на граѓаните, изјави претседателот на СДСМ, дополнувајќи дека соработката со Груевски би значела соработка со режим и диктатура.

Заев воедно порача дека новиот парламентарен состав ќе ја почитува пред се новинарската фела и ќе ја штити волјата на огромното мнозинство. Воедно тој најави дека ќе бидат целосно транспарентни и кога ќе се носи буџетот на РМ премиерот и министерот за финансии ќе дебатираат јавно со опозицијата на Македонската радиотелевизија, а нема да се крие јавниот долг на државата од јавноста.

Во однос на негативната кампања на ВМРО ДПМНЕ за двојазичност и федерализација,  Заев потенцираше дека Македонија има европски Устав во кој е загарантирана употребата на јазиците, а поимите за федерализација се плод на имиганиција на безидејниот Никола Груевски.

– Ние сме убедени дека режим и диктатура заврши во Македонија. Апсолутно логичноста на одлуките кои што следат во Македонија, се нешто кое што воопшто не треба да не изненади, одговори Заев на новинарско прашање дали е тој следниот мандатар.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.