„Создаваме услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации и во вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19. На 65-тата седница на Владата, донесовме одлука за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт.Како Влада, продолжуваме со постојана поддршка на спортот и спортските работници.“, напиша Заев на Фејсбук.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.