Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Државна помош од 17,2 милиони евра за 400 компании што инвестирале во услови на пандемија

0
By Нова ТВ on November 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот ги исполнија условите од Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентоста на деловните субјекти во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата за своите инвестиции во вредност од 17,2 милиони евра.

Со мерката, која е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со Ковид-19, беше предвидена директна државна помош од 25 отсто од реализираната инвестиција во периодот од март 2020 година кога започна ковид кризата, па до крајот на 2021 година. На јавниот повик што го објави Министерството за економија на 31 јули годинава се пријавија над 700 компании. Мерката од 20 милиони евра беше наменета за домашните компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои не беа директно погодени од последиците на пандемијата, за да им се помогне да ги реализираат веќе започнатите или планираните инвестиции.

-Тоа значи дека директно до 400 компании ќе се слеат вкупно 17,2 милиони евра државна поддршка.

Вкупната инвестиција на овие 400 компании се проценува на 89,2 милиони евра. Искористеноста на средствата сама по себа дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои се подготвени да инвестираат во услови на криза. Им симнувам капа на сите храбри инвеститори, домашни претприемачи кои и во време на Ковид стартуваат свои проекти и сакаат допонително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне. Продолжуваме со такви мерки и во периодот кој следува, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Директната финансиска инекција, посочи, ќе им помогнеме на компаниите дополнително да растат, да се развиваат, што значи да ги задржат постоечките и да отворат нови работни места.

-Државата е тука да помогне во најтешките моменти заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни и да продолжиме со позитивни трендови на новата развоја македонска економија, потенцира Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Владата покажува оти се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.

-Денеска ја заокружуваме една од главните мерки од третиот сет на економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови, рече Бектеши и додаде дека Министерството за економија веќе ги подготвува сите поедничнечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата.

Министерството, потенцира, во текот на наредната недела ќе ги повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.

-Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите, посочи Бектеши.

Со тоа , како што рече, уште еднаш се покажува дека државата подеднакво ги третира и домашните и странските инвестиции.

-Веќе нашите домашни компании се третираат подеднакво со странските и директно и тие добиваат поддршка од страна на државата. На ваков начин ќе продолжиме да работиме и со новите мерки, потенцира Бектеши и најави дека ќе следат измени на Законот за финансиска поддршка на ивнвестициите со цел во наредната година сите домашни и странски компании да можат да ги користат мерките што произлегуваат од законот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.