Европската инвестициска банка ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Северна Македонија, со поддршка на проекти за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата, информира премиерот Заев.
„Европската инвестициска банка ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Северна Македонија, со поддршка на проекти за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан“, истакна Заев на својот фејсбук профил.