Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Финансиската состојба во државата е стабилна – ќе продолжиме со мерките за помош на граѓаните

0
By Нова ТВ on December 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стабилна е финансиската состојба во државата, а и земјата е солвентна и финансиски ликвидна. Подготвена е и натаму да развива мерки за граѓаните, посочи денес премиерот Зоран Заев на седницата посветена на пратенички прашања.

Во рамки на одговорот на пратеничко прашање од опозицијата дека има дупка во буџетот од околу една милијарда и 600 милиони евра, Заев истакна дека наплатата на трите основни даноци е поголема и оти редовно се сервисираат сите обврски од Буџетот, кој е во добра кондиција.

Презентирајќи ги податоците од Управата за јавни приходи заклучно со 29 декември, премиерот информира дека наплатата на ДДВ изнесува 6 милијарди 489 милиони денари за разлика од лани кога во декември наплатата била 6 милијарди 120 милиони. Во ноември наплатата на ДДВ била за 2,5 проценти помала од истиот период 2019 година, а во октомври за 2,5 отсто поголема од однос на октомври 2019 година.

Наплатата на персоналниот данок на доход во декември е 2 милијади 269 милиони 540 илјади денари, а лани во истиот период била 1 милијарда 923 милиони или има за 18 проценти поголема наплата сега. Наплатата кај данокот на добивка во декември е 852 милиона 777 илјади денари, а во истиот месец 2019 година била 785 милиона 845 или 8,52 проценти повеќе во споредба со 2019 година.

– Тоа покажува сериозно заживување на економијата, иако се случува вториот најголем пик на инфекцијата со корона вирусот, рече Заев.

Посочи дека годинава навреме се вратени доспеаните долгови кон кредиторите во висина од една милијарда и 140 милиони евра што, според него, е показател за стабилната финансиска состојба на државата.

Очекувањата се дека ќе има и над 96 проценти реалзиација на Буџетот, а капиталните инвестиции ќе бидат со реализација од над 80 проценти.

– Колку и да е тешка ковид година, може да кажеме дека сме задоволни од реализацијата затоа што одреден дел на дејности кои се поврзани со капиталните инвестиции за време на корона кризата се со забавени перформанси, рече Заев.

За зголемениот буџетски дефицит, рече дека државата се откажала од непродуктивните трошоци и парите се насочени кон граѓаните и кон стопанството. Помогнати се повеќе од 400 илјади граѓани и повеќе од 100 илјади работни места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.