Премиерот Зоран Заев објави вечерва дека појавувањето на Сашо Мијалков не е случајно и дека тоа е резултат на коордираните акции на институциите. Тој потврди дека Мијалков избегал, но кога се соочил со последиците се вратил самиот бидејќи немал друг избор.
– Правдата е обезбедена и ќе ја има се повеќе и почесто. Во изминатите 40 часа институциите на владата предводени од мене спроведоа акција со со сите мерки. Акцијата ја предводев јас. Сашо немаше друг избор и го направи она што е неизбежно, да се пријави во обвинителството.
-Никако не треба да се смета за олеснителна околност ни за овој, ни за друг случај. Не треба да се заборави дека Мијалков избега, рече Заев. За тоа што се случи бегството, според него, секако ќе следи одговорност.
-Компромис за правда нема и нема да има, ако си грешен ќе одговараш, му порача Заев на Мијалков и на сите други.
Според него била организирана масивна потрага, по сите објекти каде што можел да се сокрие, биле затворени сите излези и гранични премини, а биле испитувани и неговото семејство и членови на обезбедувањето бидејќи организирање и помагање на бегство е кривичено дело.
Тој нагласи дека во куп предмети тој е осомничено лице и дека тоа отвора простор за блокирање на сметките и на имотот. Самите институции не го нападнаа Мијалков, рече Заев,тој самиот се пријави, додавајќи дека не играл мајтап туку бил принуден да се пријави откако се соочил со можноста да одговараат неговото семејство и обезбедувањето и да му се блокира имотот.
-Очекувам истрага до крај. Институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски и можеме да настапиме координирано и, ако секој притоа ја заврши работата ќе го најдеме полесно, рече Заев.
Адвокатите на Мијалков, соопшти тој, биле неколку саати во Јавното обвинителство пред да се пријави.
-Факт е дека за 40 часа откако изнега го најдовме, рече Заев нагласувајќи дека млад човек ако сака има каде да се скрие, но ова е голем успех за државата. Системот си ја завтрши работата, Владата исто така. Докажавме дека се неаргументирани сите тврдења на опозицијата, рече премиерот.
За него приказни за мали деца се тврдењата на Мијалков денес дека имал температура.
-Немаше тој туку мене ми се качи температурата 40 степени, рече Заев.