Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев – Хајдекер: Поздравен е фокусот кон економијата, се зајакнува соработката

0
By Нова ТВ on February 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој доаѓа на местото на досегашниот германски советник Валтер Дефа, со тоа што во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим.

На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка.

Заеднички е констатирано дека е важно креирањето одржливи развојни политики, со воспоставување долгорочни и среднорочни стратешки цели и навремено спроведување на стратешките инвестициски проекти. Во таа насока е разгледана важноста од воспоставувањето Централен мониторинг, со цел следење на имплементацијата на проектите. Разговарано е и за Стратегијата за паметна специјализација, што има за цел да го поттикне растот и работните места во Европа, преку овозможувањето секој регион да ги идентификува и развива сопствените конкурентски предности и за нејзино спроведување во нашата држава.

„Нашата цел е раст на економскиот животен стандард на граѓаните и на тоа сме силно посветени и во овие услови на пандемијата, како земја којашто стана членка на НАТО и очекува исчекор во европските интеграции. Изразувам голема благодарност до Германија и граѓаните на земјата, за големата поддршка што ја даваат на Република Северна Македонија на политички и на економски план”, рече премиерот Заев.

На состанокот е договорено соработката активно да продолжи со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.