Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ахмети до крај на месецов почнуваат разговори за претседателски кандидат

0
By Соња Петрушевска on January 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Заев и Ахмети до крајот на месецов ќе ги започнат разговорите за заеднички претседателски кандидат на изборите што треба да се одржат годинава.

Во ДУИ се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој реално ќе ja отсликува кохезивноста на општеството. Нашите убедувања се слични и лесно можеме да постигнеме договор за да имаме заеднички кандидат велат од ДУИ.

Во ДУИ се против предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со пртетседателските избори како што бара ВМРО ДПМНЕ.

Македонија нема време за губење и сега е време да се концентрираме на реформксите закони за земјава да ги почне преговорите со ЕУ во јуни коментираат од партијата на Ахмети.

Исто така, од таму додаваат дека ВМРО ДПМНЕ знае дека ќе ги изгуби претседателските избори и затоа најавува  бојкот на претседателските избори ако со нив не се распишат и вонредни параламентарни избори.

ВМРО ДПМНЕ треба да се охрабри, да се одважи и да учествува на изборите иако најверојатно ќе ги изгуби велат во ДУИ.

Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ пред една недела изјави дека очекува победа претстојните претседателски избори иако партијата се уште нема официјален кандидат. Тој не откри дали и кој се пријавил на конкурсот за избор на претседател и дека кандидатот ќе биде избран по неговотo затвoрање, на 31 јануари, на партиска конвенција.

-ВМРО ДПМНЕ е парија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот и кои ги исполнуваат условите, а се пропишани со закон. Ќе почекаме до 31 јануари кога јавноста ќе ги дознае имињата  на тие што се пријавиле. Очекуваме заедно со пријавените кандидати и со оној кандидат што ќе биде избран на конвенцијата, ВМРО ДПМНЕ ќе понуди најдобра програма како што впрочем беше и во минатото. Јас очекувам голема победа на ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори, изјави Мицкоски.

Прашан како очекува да победи на изборите без поддршка од партиите од албанскиот блок, Мицкоски рече дека тие имаат редовна меѓусебна, но и неофицијална комуникација на повеќе нивоа вклучувајќи и претседателско.

Тој истакна дека на претседателот на државата не треба да му се дава етнички контекст и дека претседател ќе биде кандидатот кој ќе освои најголем број од гласовите на сите етнички заедници во Македонија што ќе излезат да гласаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.