Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Брнз во Вратница се поклонија пред споменикот на петмина американски пилоти

0
By Нова ТВ on May 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклони пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, Тетовско.

Двајца од нив ги загубија животите кога на 26 август 1944 година, нивниот авион беше соборен од окупаторските сили на територијата на тогашна Македонија. Останатите тројца членови на екипажот на американскиот бомбардер „Либератор Б-24 Г“, со кодно име „Наша Љубов“ кој бил погоден и паднал на падините на Шар Планина над селото Вратница, биле спасени и евакуирани на безбедно.

Како што истакна премиерот Заев, акцијата за нивно спасување од страната на населението од Вратница е еден редок и скапоцен настан кој на уште еден силен начин ја потврдува јасната и непоколеблива определба на македонскиот народ и на припадниците на сите други етнички заедници за време на Втората светска војна.

-Застанати на страната на Сојузот на прогресивните антифашистички сили, не само што ставија крај на крвавата светска војна на бојните полиња, туку му ставија крај и на погромот на фашизмот заради кој беа погубени милиони недолжни цивили и луѓе во логорите на смртта. Сеќавањето и чествувањето на настанот од 1944 година во Вратница и поменот на петмина пилоти веќе е прифатен како еден од најсимболичните моменти од нашата заедничка соработка со САД, рече Заев.

Како што се наведува во соопштението владината прес-служба, осврнувајќи се на успешната соработка со САД, тој потсети на формалното сојузништво како членки во НАТО, и како уште едно признание за вредноста на Договорот за стратешко партнерство од 2008 година.

-Голема чест, а истовремено и гордост, како продолжувач на традициите, и како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да се поклонам на борците кои се боревте и сé уште се борите против фашизмот. Се поклонувам на Вашето дело. И чест ми е да го продолжувам Вашето дело, кое за мене е аманет борбата против фашизмот никогаш да не запре, истакна Заев.

Амбасадорката на САД, ја истакна важноста на денешниот настан и локацијата каде е подигната спомен плочата.

-Ова е место каде што луѓето од обете наши земји можат да се соберат за да слават храброст пред опасностите и конфликтите. Токму на една планина во близина на 26 август 1944 година се урна американски бомбардер Б-24Д откако го погоди непријателски оган додека се враќаше во Италија од Романија. Селаните, изложени на голем личен ризик за себе и за своите семејства, им помогнале на тројцата преживеани по планината и извадиле тела на уште двајца и ги закопале. Тоа беше длабок чин на хуманост за кој мојата земја останува благодарна, потсети Брнз.

Амбасадорката Брнз, се осврна и на предизвикот со кој целиот свет се соочува во изминатата година.

-Заедно ќе ги обновиме нашите економии, ќе ги заживееме нашите партнерства и ќе научиме од трагедијата, исто како што ги искористивме ужасите од Втората светска војна за да изградиме нов поредок од урнатините на Европа. Овој поредок служи како камен-темелник на стабилноста и просперитетот за овој континент, кој останува стабилен партнер за Соединетите држави. Што е најважно, се заснова на единство, соработка и взаемна доверба, заклучи Брнз.

Претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците, Никола Стојановски, во своето излагање потсети на улогата што Северна Македонија ја одигра во борбата против фашизмот.

-Денеска кога оддаваме почит и сеќавање на големите жртви и заедничката борба за слобода, Сојузот на борците со гордост го истакнува нашиот придонес за слободна и демократска Европа, заедницата со која ги споделивме идеалите на новото време. Таа Европа и тој свет, драги пријатели, да биде против неофашизмот и екстремниот популизам, против ксенофобијата, расизмот, верската нетолеранција и другите насилства, против војните, хегемонистичките наметнувања, тероризмот во неговите облици. Опасноста да ја замениме со реафирмирање на начелата на Обединетите нации, човековите права, правото и правдата во светот, рече Стојановски.

Божин Милосавлевски, жител на село Вратница ги прераскажа преданијата од своите соселани кои херојски помогнаа при спасување на пилотите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.