Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ципрас: Крај на една историска осаменост

0
By Биљана Секуловска on January 26, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сакаме повторно парламентарни избори, сакаме нови избори. Тоа е се што сакаме и што знаеме да сториме во овој живот.

Всушност, сакаме нови избори да се одржуваат секој ден. А ако овој експеримент се покаже како успешен проект, може да се размислува и за нови избори кои би се одржувале неколку пати во текот на денот. До крајот на нашиот живот, сакаме непрегледен број на избори.

Сакаме секојдевни избори кои ќе ни ја подујат главата, ќе не замелушат, ќе ни го загорчат животот, затоа што тоа е најлесниот начин да ни експлодира таа потечена глава, за да може политичарите да не заменуваат со понови, потрпеливи, поприлагодливи граѓани кои ќе им служат верно на изборите, до судниот ден.

Сакаме избори на кои секој ден ќе се говори за успехот на Преспанскиот договор. Конечно, тоа е единствениот сериозен успех на оваа Влада, а ако не се зборува за тоа, станува депресивна помислата дека нема за што воопшто да се зборува во оваа земја.

Сакаме кандидатите за пратеници да не излегуваат од нашите домови. Сакаме да ја надживеат телевизијата, социјалните медиуми, весниците, бандерите на кои ќе висат нивните постери и билборди, сакаме повеќе од тоа. Сакаме да  да се споиме сосема како едно со политичарите. Сакаме да се зародиме, да не можат да не одвојат, да станеме сијамски близнаци кои одбиваат операција за да бидат спасени нивните животи, или барем на еден од нив, а се знае кој мора да биде спасен. Никогаш нема да можеме да си простиме ако замине некој што е на функција, а ние останеме сами без тој некој, ние, без причина и повод за понатамошно нуркање низ секојдневицата.

Сакаме секојдневно да не посетуваат кандидатите, сакаме да почнат да живеат со нас, сакаме да станат дел од нас, сакаме да се втопиме со нив, во нив, сакаме да станеме тие- ние, ние-тие, сакаме да добиеме нервен слом, сакаме да побудалиме од возбудата на секојдневните избори. Конечно, тоа и го заслуживме.

Сакаме не само на изборите, сакаме секојдневно да не престанеме да зборуваме за историјата и траумите кои ни ги создале соседите, сакаме Ципрас, и не само тој,  секојдневно да ни оддава признанија која е нашата вистинска историја, и не само преку примерот со Мирка Гинова, сакаме и во следните векови да продолжиме да зборуваме за нашата историја,  за страдањата, за окупациите, за преселбите, за ѕверствата низ војните кои се правеле на оваа територија, сакаме да не престанеме да зборуваме за историските порази, затоа што досега покажавме дека само тоа го знаеме.

Но тогаш, кога ќе почнеме да се осврнуваме околу себе и тогаш кога ќе осознаеме дека постои и друг свет освен нашиот, кога ќе престанеме со ламентациите за историјата која ни ја уништила иднината, тогаш ќе излеземе од мртовечницата која ја носи опсесијата со историјата.

Само тогаш ќе станеме подговени на светот да му покажеме дека сме способни и за поголеми и повеличенствени дела, освен она што досега нудевме-  секојдневни нарицања и липања за историските факти, тези и промашувања кои не следат низ животот, како генерациски товар од кој не можеме да се оттргнеме. Само тогаш,  кога навистина ќе му докажеме на светот дека можеме и умееме нешто повеќе од величењето и вечното докажување на сопствената губитничка историја, тогаш кога ќе станеме подготвени да се натпреваруваме со светот со научни и други вредни дела.  Тогаш, кога ќе престанеме да се гледаме како вечни жртви низ призмата на траумите со кои историјата не жигосала и заради што не можеме да успееме во ниту едно друго поле, освен историските стапици, кои самите си ги поставуваме.

Заев и Ципрас како вистински лидери го направија првиот чекор, да стават крај на теророт кои сами си го приредувавме, ние, тие, тука во Македонија, таму во Грција. Големите лидери секогаш остануваат сами, доколку не се разбере дека ставањето крај на историските неправди значи  еден од начините за почеток на иднината. Ниту едни избори тоа нема да ни го донесат, тој нов живот, ако не знаеме подоцна што со него, како во него, по ѓаволите.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.