Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Имаме признаен македонски идентитет од целиот свет, македонски јазик впишан во ОН

0
By Нова ТВ on October 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По решавањето на спорот со Грција меѓу двете држави, во Договорот со Бугарија, после темелниот демократски реформски пресврт во земјата, се отворија вратите на евроатлантската перспектива. Денес сме 30 членка на НАТО, остваривме една од двете најголеми стратешки цели во државата и сме еднакви и рамноправи со останатите 29 земји членки на најсилниот воено-безбедносен сојуз, истакна денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на 25. Конфрес на партијата кој е и прв дигитален конгрес во земјава.

-Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитетн од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН. Имаме држава со имотен лист. Одиме напред кон ЕУ и имаме јасни очекувања, одржување на првата Меѓувладина конференција и започнување на преговарачкиот процес, истакна Заев.

Пред делегатите нагласи дека државата предводена од СДСМ има силна поддршка и од пријателската партија на европските социјалисти.

-Токму оваа партија пред неколку денови усвои заедничка изјава со која од Советот на ЕУ бара преговарачката рамка со Северна Македонија да биде усвоена до 10 ноември, а првата Меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година, рече Заев.

Лидерот на СДСМ потсети и на домашните успеси кои, како што рече, преку политики отворени кон и за сите граѓани се успеа сериозно да се зголемат платите во нашата  државата. Денес, рече Заев, минималната плата е повисока за 5.500 денари, а просечната за над  4.700 денари споредено со 2017 година.

СДСМ, рече Заев, е првата партија во нашата држава која на следниот конгрес својот  претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирно да се одржат веќе следната година кога истекува мандатот на ова раководство, а тоа е следната пролет.

На овој конгрес за првпат СДСМ ќе добие и форум на пензионери, а ќе се зајакнуваат капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, социјалдеморатската младина, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, како и комисиите на партијата.

-Конечно  на овој конгрес  СДСМ пишува црвена боја, како своја боја. Тоа е боја на социјалдемократијата, на победата, на левицата, боја на слободата, боја на животот, тоа е боја на македонската иднина, истакна Заев.

Лидерот на владејачката партија Заев рече дека додека СДСМ се менува и внесува нови современи пракси и додека ја зајакнува демокртијата, отвореноста и отчетноста на партијата, кај политички противници ништо не се менува.

-Тие  се уште се заробени во сопствената лага во сопствената манипулација, живеат во омраза и злоба. Заглавени во минатото во обид да го одбранат криминалот на режимот без чувство на реалност, без грам одговорност кон сопствениот народ, рече Заев.

Претседателот на СДСМ потенцира дека 25.Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

-Овој Конгрес доаѓа после победата на предвремените парламентарни избори на кои граѓаните повторно ни ја дадоа довербата, ни ја укажаа честа да продолжиме по вистинскиот пат. Овој Конгрес е после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија. Нешто што се случи првпат од постоењето на партијата имајќи предвид дека во 1994 година, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се повлече од учество на изборите во вториот изборен круг, заклучи Заев.

Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски пред делегатите рече дека СДСМ денеска е најнапредна  и најмодерна партија која функционира современо, брзо европски по строги и високи  стандарди кои постојано ги унапредува.

-Во преамбулата на Статутот  покрај слободата, еднаквоста и солидарноста како основни  социјалдемократски вредности и демократијата како цивилизациска вредност ја додаваме и клучно правдата. Правдата и економијата се основните обележја на трајната посветеност на нашата партија, рече Николовски.

Информираше дека вредностите, програмските принципи и начела на партијата ќе бидат заштитени со кодекс за однесување на членовите на СДСМ но и дека сите членови, од партиските активисти до претседателот, ќе бидат еднакво обврзани кон вредностите на СДСМ.

-Ние сме нова генерација која пред себе има можност да креира нов профил на политичари, нова дефиниција на политичар во нашето општество. Политичари што се водат според највисоките морални и етички вредности кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола, нагласи Николовски

Генсекот на СДСМ порача дека никој не смее да си дозволи да го  наруши угледот  и достоинството на  членовиите на СДСМ и на самата партија во целина и дека сега е време на ред, на правда на дисциплина.  -Време кога сите се еднакви пред законите и тоа граѓаните го очекуваат од секој од нас, рече Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.